1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„На Олимпијадата нема место за грчкиот национализам“

Угледниот Канадски совет за меѓународни односи во коментар за спорот за името меѓу Македонија и Грција, го критикува именувањето на Македонија според времената референца за време на отворањето на Олимписките игри.

default

Грција опсесивно го блокира влезот на Македонија во меѓународните организации според нејзиното избрано име, бидејќи има регион во Грција кој исто така се вика Македонија. Затоа, додека да се реши овој спор ќе се употребува поранешна југословенска Република Македонија, дури и на Олимписките игри, каде не им е место на ваквите националистички испади, пишува во коментарот на професорот Стив Сајдеман, објавен на интернет страницата на Канадскиот совет за меѓународни односи.

Професорот Сајдеман во коментарот се исмева со грчките обвинувања дека Македонија има иредентистички планови кон Грција, потсетувајќи дека Грција е многукратко посилна земја на политички, економски и воен план.

Затоа, нема никаква закана дека Македонија ќе окупира делови од Грција за да создаде Голема Македонија. Самата Македонија беше соочена со иредентизам, со краток судир кој НАТО го запре во 2001 година и кој беше дел од проект за Голема Албанија, пишува професорот, кој ја обвинува и самата Грција за иредентистички цели кон грчкиот дел на Кипар, како и кон делови на јужна Албанија населени со етнички Грци.

Професорот Сајдеман ги обвинува грчките политичари дека го користат спорот за името за да избегнат соочување со вистинските проблеми на нивната држава.

„Ваквите националистички игри се добар начин за одвлекување на вниманието од начинот на кој се управува со државата. Каков е учинокот на грчката Влада за време на контроверзата со ПЈРМ и со ’заканата’ од македонскиот иредентизам? Не е многу добар“, заклучува професорот Сајдеман.