1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На Октоберфест се испија 6,7 милиони литри пиво

Милиони посетители, уште повеќе милиони испиени литри пиво, стотици случаи на труење со алкохол - тоа е билансот на 180-от Октоберфест, кој денеска (06.10.) заврши во Минхен.

Јубилејниот 180-ти Октоберфест мина во знакот на милиони - 6,4 милиони гости од цел свет и 6,7 милиони литри испиено пиво, соопшти шефот на големиот народен фестивал Дитер Рајтер. Литар пиво годинава чинеше речиси 10 евра. Гостите во изминатите две недели на Октоберфест, освен тоа, изеле 114 вола и 58 телиња.

Бројот на труења со алкохол, според податоци на Црвениот крст, е нешто помал во споредба со претходната година - 638, а и воопшто бројот на интервенции на екипите за итна помош бил помал. Црвениот крст годинава интервенирал во 7.551 случај, изјави портпаролот на оваа организација Петер Бербом. Од пациентите, 3.600 морале да добијат лекарска помош, главно поради исеченици од скршено стакло. „Ова беше нормален, може дури да се каже мирен фестивал“, изјави Бербом.

Полицијата интервенирала во 2.031 случај, или точно толку колку минатата година. На Октоберфест годинава имало 58 тепачки со кригли за пиво, 16 сексуални деликти, 449 телесни повреди. Волфганг Вегнер, порптарол на минхенската полиција, изјави: „Многу работа, но еден нормален фестивал“.