1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Обама не му треба нов гаф

Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Барак Обама, во моментов се наоѓа на еднонеделна посета на Блискиот исток и Европа. На неговата програма се Јордан, а потоа и Израел и палестинските области.

default

Претседателскиот кандидат Барак Обама

Сега не треба да се направи грешка. За американскиот претседателски кандидат од Демократската партија пред неколку недели Ерусалим за малку ќе беше фатален. Во говор пред американската произраелска лоби организација АИПАК Обама изјави дека Ерусалим осатнува главен град на Израел и е неделлив. Арпите и Палестинците беа шокирни, зашто и тие претендираат врз градот.

Во Израел мрѓутоа изјавата беше примена со радост, иако за кусо време, вели политичкиот аналитичар Рони Барт „Секој Израелец беше радосен, речиси секој, зашто експертите во истиот момент знаеја дека изјавата брзо мора да биде повлечена. А тоа беше и направено. Обама изјави, дека Ерусалим како и останатите проблеми е тема на преговори.“

Оттогаш Обама важи за несигурен кандидат за регионот. Многумина Израелци повеќе го сакаат Мек Кејн за нов амрикански претседател. Турнејата на Обама на Блискиот Исток тука ништо не може да измени. Но, не се работи за тоа вели Рони Барт „Обама не сака да ги придобие Израелците на своја страна, туку мисли на произралските гласачи во САД.“

Што може да се промени со Обама?

На програмата на Обама е Сдерот, цел на палестинските ракети. За катастрофалната ситуација во соседната Газа, Обама не може лично да формира слика, зашто таму владее Хамас. Посета таму би ги шокирала американските гласачи. Економскиот експерт Сами Абдел Шафи живее во Газа. Тој не верува во промена на политиката „Ако биде избран Барак Обама, Палестинците очекуваат дека тој во најмала рака ќе ги симпатизира Израелците. Што може воопшо да се промени со Обама?“

Демократскиот претседателски кандидат ќе се срене и со палестнскиот претседател Абас и премиерот Фајад во Рамала. Но и таму тој ќе се воздржува, прогнозира израелскиот политички аналитичар Рони Барт „Тој нема да предложи нови патишта што се однесува на односите меѓу Палестинците и Израелците. Ако сака да биде омилен меѓу гласачите, само малку ќе ги иритира Палестинците.“

А за влез во Белата куќа на Обама му се потребни гласовите на произраелското лоби. Тој не смее да прави грешки и регионот на Блискиот исток мора да да го напушти без гафови.