1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

На новата германска влада и недостасува визија

Речиси три месеци по парламентарните избори новата сојузна германска влада конечно ќе може да почне да работи. Кои се клучните задачи пред новите министри, и какви се очекувањата на експертите?

Воведувањето на минимална плата од 8,5 евра од час беше една од главните теми на коалициските преговори. Компромисот е дека од 2015 ќе биде воведена минималната плата, со дополнителен „грејс“ период од две години. Дотогаш работодавачите и синдикатите и натаму ќе можат да склучуваат договори кои се под оваа граница.

За СПД, воведувањето на минималната надница беше главниот услов за влез во големата коалиција. Во Германија, вообичаено, платите и дневниците се договараат меѓу работодавачите и работниците без мешање на државата.

„Воведувањето на минималната плата нема рационална економска основа, туку се работи за демонстрација на политичката моќ на СПД“, вели Михаел Хутер, директор на Институтот за економски истражувања во Келн. „Воведувањето на минимумот од 8,5 евра од час носи ризик за губење на работни места“, тврди тој.

Пазарот или политиката?

Во одредени бранши, пред сѐ во економски заостанатите делови на Источна Германија, платите не се ниту половина од предвидената идна минимална. Доколку државата таму нареди зголемување на платите, ќе се загубат многу работни места, тврди Хутер.

„Противниците на минималната плата секогаш поаѓаат од тоа дека вистинската

Prof. Michael Hüther

Михаел Хутер

плата е само онаа која ќе ја одреди пазарот. Тоа е наивно“, се спротивставува Густав Хорн, директор на Институтот за макроекономија и економски развој во Диселдорф. „Платите се резултат на моќта на пазарот. Факт е дека во Источна Германија, работниците имаат далеку помала моќ на пазарот. Затоа и нивните плати се под голем притисок“, вели Хорн.

Тој очекува дека одлуката ќе им донесе повисоки плати на милиони луѓе, а со тоа и повеќе пари во социјалните каси и во буџетот. Но, Хорн е сепак разочаран од коалицискиот договор.

„Ми недостасува една стратегија за Европа. Досегашната очигледно се покажа неуспешна. Обврска е на владата на најголемата држава во еврозоната да понуди алтернативи во процесот на преговори. И тоа секако треба да се спомене и во коалицискиот договор. Но на таа тема апсолутно ништо не се нуди“, разочаран е економистот Хорн.

И Михаел Хутер му дава лоша оценка на коалицискиот договор, но од други причини. „Проблемот на коалициските преговори беше што во ниту еден момент не беше поставено прашањето за подобрување на состојбата со вработувањето, приходите и растот. Единствено се постави прашањето како да се подели буџетскиот колач и како да се задоволат некои социо-политички линии“.

Инфраструктурата повторно заборавена

Критичарите во едно се согласни: на новата влада и недостасува јасен поглед кон „Голема слика“, а наместо тоа се загуби многу време во преговори за теми како квотите за жени и зголемувањето на пензиите за една мала група луѓе. Новата влада ќе издвои дополнителни 23 милијарди евра за образование и инфраструктура, без притоа да ги зголемува даноците.

Gustav Horn

Густав Хорн

Во сето тоа, Густав Хорн не може да препознае визија за иднината. Во Германија постои голем проблем со застарената инфраструктура. „Најавата дека ќе се инвестираат 23 милијарди евра за период од четири години во инфраструктурата, е само капка вода во море. Тоа во просек е четвртина процентен поен од годишниот БДП на Германија. Тоа е ништо“, вели Хорн.

Притоа, треба да се земе предвид дека коалициските договори не се правно обврзувачки, а новата германската влада нема да биде првата која не ги исполнила планираните задачи во својот мандат.