1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Младиќ му помагале високи функционери?

Српското обвинителство за воени злосторства ја откри целата мрежа помагачи на Ратко Младиќ, кому му се суди во Хаг, а меѓу осомничените се и двајца поранешни високи државни функционери, објави магазинот „Данас“.

Според изворот на магазинот „Данас“, останатите осомничени се поврзани со семејството на Младиќ. Соговорникот за денешното издание (22.06) на магазинот објаснува дека се откриени вкупно 10 лица и дека тие ќе бидат осомничени за помагање и криење на хашки обвинет.

Обвинителството успеало да дојде до податоци за начинот на движење на Младиќ, по критиките на меѓународната јавност дека малку е сторено на тоа поле. При неодамнешната посета на Белград главниот обвинител Серж Брамерц бараше резултати во врска со истрагата за помагачите на Младиќ.

„До сега добивме малку докази дека српските власти нешто презеле по ова прашање. Сакаме да знаеме дали некој од државните институции му помагал“, рече во таа прилика Брамерц.

Ратко Младиќ е уапсен на 26 мај минатата година во селото Лазарево кај Зрењанин, а му се суди пред Хашкиот трибунал за геноцид и воени злосторства над Бошњаците во БиХ.