1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На медиумите на Балканот не им цветаат рози

Ситуацијата со слободата на медиумите не цвета ниту во останатите земји од Балканот. Со оглед на тоа што оваа година 3 мај им е посветен на нерасветлените убиства на новинарите, медиумските претставници денеска потсетија на четворица нивни колеги кои животите ги загубија поради своите напишани текстови.

default

,, Новинарите не се убиени намерно,, Со таа реченица честопати надлежните во Србија и Црнагора се правдаат за убиствата на Дада Вујасиновиќ, Славко Чурувија, Милан Пантич и Душко Јовановиќ. Сите четворица на виделина им ја вадеа валканата облека на облека на политичарите, а нивните убиства до денес се нерасветлени.

Таквите примери јасно говорат за медиумската слика во земјата, вели Оливер Вујовиќ, претседателот на организацијата за медиуми за Југоисточна Европа.

,, Генерално гледано, можам да кажам дека ситуацијата нво Балканските земји е нешто подобра, што ѕначи дека нема директни ѕакани од надлежните органи ккакви што имаше пред 5 или 6 години, но сепак треба да се истакне дека ситуацијата е далеку од она што би сакале да го видиме, вели Вујовиќ, кој потсетува и на случаите на кривично гонење на новинарите.

,, Според информациите што ги добив, во најновиот предлог закон за медиуми во Србија ќе остане делот за кривично гонење на новинарите, што е надвор од сите меѓународни стандарди“.

,, Теоретски, ситуацијата во Србија е повеќе од поволна за развој на слободата на медиумите пишува во текстот што по повод денешниот ден го објави белградскиот медија центар. Има закони, агенции за информации, тн. ,, слободен медиумски паѕар, како и полотичари кои навидим не се мешаат во работата на новинарите. Но праксата изгледа сосема поинаку – законите не се применуваат, агенциите главно не работат, а на тн. слободен медиумски паѕар можат да опстанат само оние кои за свои ортаци зеле мафијаши. Да не ги споменуваме сите оние локални моќници кои своеволно ги менуваат уредниците, одредуваат кои ќе бидат гости во Тв емисиите, им се ѕакануваат на новинарите ги навредуваат , ги тужат па дури и фиѕички ги малтретиораат, напишаа по повод денот на слободата на медиумите членовите на медија центарот во Белград.