1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

На мегдан со Хрватска

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Скопје, меѓу Македонија и Хрватска се’ повеќе поприма елементи на фудбалска еуфорија. Тоновите што провејуваат од таборите околу конечниот резултат се оптмистички.

Мондијалските квалификации продолжуваат. За кусо време одново Хрватска е испречена пред македонскиот состав. Но, сега во Скопје. Натпревар, кој предизвикува огромно интересирање. Македонската фудбалска јавност е на нозе и во убави очекувања на реванш за несреќниот пораз во Загреб пред еден месец со 1:0. Стоперот на Мајнц и на македонската репрезентација Николче Новески е свесен за спецификата на фудбалскиот момент:

„По двата добро одиграни квалификациски дуели, свесни сме дека ги разбудивме очекувањата кај навивачите. Свесни сме за нашата сила, знаеме што треба да правиме во натпреварот. Пред исполнетите трибини на стадионот се надевам дека ќе дојдеме до добар резултат“.

Новески ја истакнува извонредната атмосфера што владее во репрезентацијата, особено меѓу играчите и желбата за остварување на добар резултат. Но, свесен е и за тежината на претстојниот натпревар: „За квалитетите на хрватскиот тим не треба многу да се зборува. Податокот дека тие се меѓу најдобрите 10 селекции на светот доволно зборува. Имаат играчи, кои што играат во врвни тимови. Без разлика, што тие сега имаат одредени проблеми во тимот, се работи за врвна репрезентација“.

UEFA EURO 2012 Europameisterschaft Italien vs Kroatien Tor Mandzukic

Хрватска е меѓу најдобрите десет репрезентации во светот

Хрватската експедиција вчера допатува и го оддржа еденствениот тренинг.

Хрватскиот селектор Игор Штимац е категоричен: дојдовме во Скопје да освоиме три бода, очекувајќи многу подобра игра на својот тим во однос на онаа од пред еден месец во Загреб. „Сега ирачите се во фаза кога имаат поголема минутажа во своите нозе. Ова се однесува на моите фудбалери, така што од мојата екипа очекувам да одигра многу подобар натпревар од оној во Загреб“.

Никица Јелавиќ беше стрелец на единствениот гол на мечот во Загреб. Очекува тежок натпревар, но и добар резултат: „Очекувам добар натпревар, но и наша победа. Знаеме дека не очекува полн стадион, но мислам без никакво потценување на Македонија дека ние сме поквалитетни и очекувам три бода“.

Јелавиќ со респект зборува за македонскиот тим: „Македонија има добри фудбалери. Тука е Горан Пандев, кој е најдобриот македонски играч и мораме да внимаваме на него. Ќе повторам, очекувам добар натпревар и наша победа.“

Максимални безбедносни мерки

Dimitar Zizoski Generalsekretär des Fußballverbandes Mazedoniens

Зизовски: организацијата тече во најдобар ред

Само фудбалот може да создаде толку силен спортски набој, од час во час атмосферата да се вжештува до максимум. Речиси и да не се памети кога последен пат стадионот бил распродаден и со денови се бара билет повеќе. Филип Втори Арената првпат ќе биде исполнета до последно место. Отстапени се 1650 влезни билети за хрватските навивачи, кои во најголем број денеска ќе допатуваат.

Генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски вели дека нема никакви организациони потешкотии, а преземени се и сите безбедносни мерки: „Според стандардите на ФИФА и УЕФА, кои што се пропишани, ние имавме обврска да им издадеме 5% влезници од капацитетот на стадионот, а тоа значи дека бројката на билетите за хрватските навивачи е 1650. Очекуваме толку и да има хрватски навивачи во Скопје. Инаку, засега имаме одлична соработка со безбедносните служби на Македонија, со Агенцијата за обезбедување, како и одлична координација со Хрватската фудбалска федерација. Досега се’ тече според предвиденото“.

Арбитражата на натпреварот е доделена на судиска тројка од Данска на чело со Петер Расмунсен. Почетокот е во 20 часот и 30 минути.