1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На Марс бил можен живот

„Откривме подрачје кое некогаш било погодно за живот“, соопшти НАСА, која го слави најголемиот успех на роботот на Марс „Кјуриозити“.

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на Црвената планета некогаш бил можен микробиолошки живот. Со тоа првпат е докажана потенцијална околина за живеење надвор од Земјата. Истражувачкиот робот „Кјуриозити“ пронашол живот во карпест материјал. Интегрираната лабораторија на роботот докажала постоење кислород, јаглерод диоксид и водород, како и азот, фосфор и сулфур.

Научникот во НАСА Мајкл Мајер изјави дека некогаш карпите биле опколени од вода која имала релативно неутрална pH-вредност. На местото кадешто роботот ги продупчил карпите во минатото можеби имало река или езеро. 

Mars Leben Curiosity

„Кјуриозити“ стигна на Марс по осум месеци патување низ вселената

 „Водата на ова место веројатно била толку чиста што кога би биле таму веројатно би можеле да ја пиеме“, дополни менаџерот на НАСА, Џон Гроцингер.

Сепак, се‘ уште е целосно нејасно дали на Марс навистина имало микроскопски мали живи суштества и ако да, кога тие живееле на планетата. Резултатите добиени од роботот сега треба да бидат поткрепени со нови истражувања. „Кјуриозити“ минатиот август пристигна на Марс по осум месеци патување во вселената. Мисијата која чини 2,5 милијарди долари е ограничена на времетраење од две години.