1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На македонската економија и‘ треба лек

Најновите статистички податоци покажуваат загрижувачки размери на трговскиот дефицит во Македонија, раст на буџетот и пад на индустриското производство. Владата објаснува дека причина е светската економска криза.

default

Македонското Министерство за економија

Tрговскиот дефицит од речиси три милијарди евра во 2008 година ја фрла македонската економија на колена. Oвој неславен рекорд обоелоденет во најновите статистички податоци, проследен со раст на буџетот и пад на индустриското производство, укажува дека на економијата не и‘ оди добро. Кажано со јазикот на медицината: крвната слика на македонската економија изгледа лошо, и‘ треба инфузија, соодветна терапија што прво ќе го стабилизира, а потоа ќе го опоравува пациентот.

Кои мерки треба да се преземат ?

Професорот Томе Неновски, експерт за макроекономија вели:

„Мерките на домашната економија, макроекономија, треба да се насочат кон зголемено домашно производство, зголемена понуда која ќе ги задоволи потребите на домашниот пазар, но и конкурентно производство кое ќе може поефикасно да излегува на светските пазари и на тој начин да ги намалува разликите меѓу увозот и извозот.“

Skope,GTC

И во Македонија се чувствува економската криза

Причина за проблемите е светската криза?

Владата го објаснува високиот дефицит со глобалната економска криза и структурата на увозот. Лани се потрошени многу пари на увоз на се поскапите енергенси, објаснува министерот за економија Фатмир Бесими.

Во извозот на македонски производи најголемо е учеството на фероникелот, железото, челикот и облеката. Во увозот најзастапени се суровата нафта, електричната енергија, производите од железо и челик и моторните возила. Статистиката за 2008 открива еден голем парадокс. Во услови на глобална криза во Македонија е остварена рекордна продажба на нови автомобили. Се‘ поголемиот дисбаланс во обемот на извезена и увезена стока создава тренд на опасно растечки трговски дефицит, предупредува професорот Абдулменаф Беџети.

Опозицијата критикува дека економксата политика на владата е причина за лошите показатели во економијата.

Бизнисмените пак бараат поддршка од државата за да можат македонските компании да извезуваат повеќе.

Најзначајни партнери во надворешно-трговската размена на Македонија во изминатата година биле Србија, Германија, и Грција.