1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На Македонија и’ треба јасна стратегија за името

Македонското собрание со големо мнозинство гласови ја усвои Резолуцијата за утврдување државна стратегија за решавање на спорот околу името со Грција.

default

93 пратеници гласаа „за“ донесување на Резолуцијата

Македонските парламентарци бараат итно донесување на државна стратегија за преговорите околу името. Имаат доволна причина за тоа, бидејќи на седницата на собранието уште еднаш станаа јасни разликите во ставовите меѓу претседателот на државата Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Ова беше прва прилика во која двајцата политичари јавно, пред парламентот, ги изложија своите позиции по ова прашање.

Црвенковски го разреши Димитров

Treffen des Mazedonischen Präsidenten, Branko Crvenkovski mit dem Mathew Nimitz

Претседателот Црвенковски на средба со медијаторот Метју Нимиц

Шефот на државата кусо пред дебатата во парламентот ја изненади јавноста и со одлуката да го разреши македонскиот преговарач во спорот околу името, Никола Димитров. Тој цели три години беше застапник на македонските интереси во преговорите под покровителство на ОН, а одлуката за менување вели дека ја дознал од телевизискиот пренос на собраниската седница. Црвенковски изјави: „Со цел да се прекине оваа несериозна ситуација, што грчката страна веќе ја користи како аргумент против Македонија, имено дека таа има два преговарачи и два става, сакам да ве информирам дека донесов одлука да му престане мандатот на амбасадорот Никола Димитров“ - објави шефот на државата.

Одговорноста е сега кај премиерот

Treffen des Mazedonischen Ministerpräsidenten, Nikola Gruevski mit dem Herrn Mathew Nimitz

Премиерот Груевски на средба со медијаторот Нимиц

Тој сега целосно му ја препушта одговорноста за решавањето на спорот со името на премиерот Никола Груевски и на неговото парламентарно мнозинство. „Македонија мора да има нов план, двојната формула повеќе не ја поддржуваат ни нашите пријатели во НАТО и во ЕУ“ - кажа Црвенковски. Тој се изјасни и против одржување референдум за името и го повика премиерот да ја преземе одговорноста. Тој, пак, како последен говорник во парламетарната дебата, возврати: „Ценам дека парламентот треба да изгради државна стратегија и при тоа да не се фокусира само на идентитетот, туку на сите прашања. При тоа не треба да ги заборавиме проблемите на македонското малцинство во Грција и на Македонците протерани за време на граѓанската војна во Грција“ - изјави Груевски.

Историјата нема никого да ослободи од одговорност

Crvenkovski und Gruevski in Zagreb

Може ли некој да ги приближи политичките ривали? Груевски и Црвенковски во Загреб при посетата на Буш

Шефот на македонската влада не ја пропушти шансата да ги критикува неговите претходници, кои цели 14 години ја убедуваа јавноста дека двојната формула може да биде решение за спорот со името, а сега од него бараат таа да биде напуштена. Груевски исто така индиректно го обвини Црвенковски и некои либерални експерти во Македонија дека со нивните изјавите за флексибилност и отворена можност за смена на уставното име, го удвоиле притисокот на странците само врз македонската влада.

Преговорите во застој

Nimitz in Skopje

Зошто не го кани грчкиот преговарач во Њујорк? Метју Нимиц при една посета на Скопје

Разликите во државниот врв по ова прашање се дефинитивно продлабочени, а преговорите се чини дека за извесен период ќе бидат и замрзнати, зашто медијаторот Нимиц се’ уште не го повикал во Њујорк грчкиот преговарач Василакис, како што тоа неодамна го стори со македонските преговарачи Протуѓер и Димитров.

Барањето државно-партиски консензус по ова стратешко прашање за иднината на Македонија беше мотивот на Тито Петковски да ја поднесе иницијативата за свикување на вчерашната седница на парламентот. „Неопходно е да се заштитат највисоките државни и национални интереси и да се зачува идентитетот на македонскиот народ“ - појасни Петковски.

Дебатата ги изнесе на виделина разликите во партиските ставови

Mazedonien hat Kosovo als unabhängigen Sttat anerkannt

Пратениците ги изнесоа различните партиски ставови

Во дебатата по неговата иницијатива дојдоа уште еднаш до израз и разликите во партиските ставови. Пратеничката на владеачката ВМРО ДМПНЕ, Бонева порача: „Дали нашата држава ќе се наоѓаше во истата позиција доколку на време започнеше целиот овој процес поврзан со градењето национална стратегија за името?“

Нејзината колешка од опозициониот СДСМ, Ивановска, пак, изјави: „Апелираме до македонската и до грчката влада да се вразумат, да не мислат толку многу на сопствените рејтинзи во домашната јавност, да покажат храброст и лидерство!“

Теута Арифи од помалиот коалиционен партнер во владата на Груевски, ДУИ, нагласи: „Како Албанци сакаме да бидеме дел од решавањето на спорот. Станува збор за иднината на нашите деца, за заедничката држава, за европската иднина на Македонија.“

Опозициската ДПА не учествуваше во дебатата, а нејзиниот лидер Мендух Тачи не беше ни присутен во парламентот.