1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На Македонија и се потребни демократски избори

На половина од изборната кампања во Македонија повторно се случија насилства, различна изборна реторика и барање изборите сепак да се оддржат мирно и демократски.

default

Изборен локал во Македонија

Во Македонија изминува првата половина од изборната кампања со истите симптоми и играчи но со променета партиска реторика. По три дена, вчера во Тетово повтроно беа испукани куршуми и се случи насилство.

Претставниците на меѓународната заедница ги повторуваат своите пораки „Македонија има силни и јасни евроатлански аспирации. Еден од условите се демократски избори.“ кажа Крис Хеншоу директор на американскиот Национален демократски институт.