1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На Македонија и е потребно демократско прегласување

Македонија има шанса за поправен испит доколку на 15 јуни организира демократско прегласување, се вели од дипломатски кругови. Во очи прегласувањето во Скопје доаѓа и словенечкиот министер за надворешни работи.

default

Парламентарни избори во Македонија

Владата, полицијата но и партиските лидери ја имаат одговорноста да спроведат демократско прегласување во недела на 15 јуни. Од тоа ќе зависат и евроатланските шанси на земјата, велат дипломатите во Скопје. И холандскиот претставник во Македонија проценува дека премиерот и минисерката за надворешни работи имаат специфична одговорност во организацијата на неделните прегласувања.

Во петок македонскиот државен врв ќе разговара и со словенечкиот министер за надворешни работи Димитри Рупел, како преседавач со ЕУ.