1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На „Луфтханза“ повторно и‘ се заканува хаос

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска (04.09) мора да откаже бројни летови поради штрајкот на кабинскиот персонал на аеродромите во Франкфурт и Берлин-Тегел и во Минхен.

Како што изјави портпарол на „Луфтханза“, се работи веројатно за речиси половината од сите летови на кратки и средни дестинации, а загрозени се и дел од оние на подолги релации. Со денешниот штрајк на стјуардесите и стјуардите Синдикатот на кабинскиот персонал, УФО, го зголемува притисокот врз „Луфтханза“ барајќи зголемување на платите од пет проценти, додека авиокомпанијата нуди 3,5 насто. Штрајкот започна минатата недела - во петокот се штрајкуваше само на аеродромот во Франкфурт, кога поради

протестот беа откажани стотина летови, а илјадници патници мораа да бараат алтернативи. Штрајкот предизвика значителен хаос во европскиот авиосообраќај.

„Луфтханза“ веќе ги предупреди патниците и денеска да очекуваат масовни одложувања и откажување на летови. Порпаролот на „Луфтханза“ ја критикуваше тактиката на синдикатот УФО како целосно несоодветна. Краткиот период од најавата на штрајкот до неговото спроведување на авиокомпанијата не и‘ дава шанса за навремено информирање на патниците, поради што „Луфтханза“ се наоѓа во тешка ситуација. Синдикатот УФО пак, не исклучи дека во наредните денови ќе дојде до општ штрајк на кабинскиот персонал во целата земја.