1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На крајот: Солана ја бакна Рајс

Американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, вчера во Луксембург, ја заврши европската турнеја. Таа разговараше со луксембуршкиот колега и актуелен претседавач со Советот на ЕУ, Жан Аселборн и високиот претставник на унијата за надворешна и безбедносна политика, Хавиер Солана.

default

На крајот шеф-дипломатот и голем шармер, Хавиер Солана, ја бакна Кондолиза Рајс, и рече:

”Нема сомневање дека пријателството меѓу старите пријатели се продлабочува и дека таа доби и многу нови пријатели во Европа.”

Срдечноста на Солана е навистина безмилосна. Против неа не може ништо ниту дистанцираната американска министерка. Кондолиза Рајс на сите нејзини станици во Европа ги покажа своите елегантни црни костуми, насмевката што не збунува и цврстата намера сите разлики во мислењата меѓу САД и некои Европејци да се прогласат или за минато или да бидат игнорирани. Нејзиното резиме, без оглед на тоа дали станува збор за Балканот, Ирак или Блискиот исток, секогаш гласеше:

”Водевме многу плодни разговори за тоа како да ги спроведеме зацртаните задачи, кои зе базираат врз заеднички вредности.

Постојаното укажување на заедничките вредности не изостана на речиси ниту една прес конференциа, исто како што постојано беше укажувано на ширењето мир и слобода во цел свет. Но, за темата Северна Кореја, во текот на нејзината последна посета на Луксембург, Рајс беше воздржана и ја повтори познатата американска линија – Северна Кореја треба да ја запре својата атомска програма и да ги продолжи шестпартитните преговори:

”Севернокорејците слушнаа од американскиот претседател дека САД немаат намера да ја нападнат Северна Кореја или да ја окупираат и дека можат да добијат безбедносни гаранции на мултилатерално ниво доколку дефинитивно ја запрат атомската програма и тоа го докажат. Значи, за Северна Кореја има излез.”

Околу претстојната посета на американскиот претседател на Европа, за што Рајс и требаше да подготви терен, таа оцени:

”Мислам дека претседателот ќе најде многу конструктивна, топла атмосфера, во која сите се подготвени да им завртат грб на судирите од минатото и да гледаат во заедничка иднина, зашто имаме многу да направиме.“

Но, споровите за тоа како и што треба да се направи во меѓународни рамки не се завршени, туку само одложени на некое време.