1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

На Косово загина припадник на Еулекс

Еулекс денеска соопшти дека е во тек истрага за убиството на полицаец на мисијата, кој бил во едно од двете возила на Еулекс во близина на Звечан, на северот на Косово врз кои пукале непознати сторители.

default

Припадник на Еулекс, кој утрово беше ранет на северот во Косово им подлегнал на повредите во здравствениот центар во Косовска Митровица, јави „Танјуг“. Според „Блиц“ инцидентот се случил кога непознат напаѓач пукал врз возило на мисијата на ЕУ на територија на општината Бањска, на северот во Косово.

Според Милан Ивановиќ, директор на здравствениот центар во Косовска Митровица, загинатиот имал прострелни рани нанесени од огнено оружје. „Лицето беше доведено без знаци на живот, но беше извршена реанимација која не даде резултати“, рече Ивановиќ.

„Во тек е истрага за убиството. Тоа подрачје е блокирано. Ќе се вложат сите напори извршителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, се наведува во соопштението на Еулекс. Во него уште се наведува дека во инцидентот се ранети тројца припадници на Еулекс. Во соопштението мисијата го осудува овој чин како „кукавичко насилство“.

На лице место излегле КФОР и специјалните единици на Еулекс. Пронајдени се чаури кои останале зад убиецот.