1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На Косово жалост за починатиот претседател Ругова

На Косово владее тага за починатиот претседател Ибрахим Ругова, кој почина по тешката болест во кругот на своето семејство.

Ибрахим Ругова

Ибрахим Ругова

Низ резиденцијата на покојниот претседател во текот на вчерашниот ден минаа повеќе илјади луѓе сакајќи да изразат сочувство на семејството на претседателот. Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен вчера доцна попладне оддржа вонреден состанок со членовите на Преговарачкиот тим на Косово. Од состанокот е уаптено сочувство до семејството на Ругова. На крајот на конфернецијата Петерсен изјави

„Заедно со народот, обединети сме во ставот дека Косово ќе продолжи по патот на мирна и просперитетна иднина“ рече шефот на УНМИК.

Смртта на Ибрахим Ругова косовскиот премиерот Бајрам Косуми ја оцени како губиток за цело Косово

„Претседателот Ругова во новата историја ќе остане како најсилна политичка фигура и симбол за независноста на Косово. Во овој жалосен момент, на Косово повеќе од кога и да е досега му е потребно единство за да се надмине болката поради губењето на човекот за мир и независност“ рече Косуми

Лидерот на Србите на Косово пак Оливер Ивановиќ истакна дека смртта на Ругова остава голема празнина

„Господин Ругова беше прилично авторитарна личност така што за своето претседателствување во партијата и над Косово не остави наследник. Тоа ќе предизвика одредени потреси бидејќи по правило тоа сега е внатрепартиска борба за таа позиција.“ рече Ивановиќ.

Претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ по смртта на косовскиот претседател испрати писмо со сочувство во кое пишува дека Ругова е познат и ценет како застапник на мирољубивиот начин на остварување на политичките цели. Претседателот на Србија Борис Тадиќ оцени дека смртта на Ругова е голема загуба за косовските Албанци.

Писмо со сочувство испрати и македонскиот претседател Бранко Црвенковски

„Во овие тешки моменти за вас и за граѓаните на Косово, дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име да упатам изрази на искрено сочувство.“ истакна македонскиот претседател.

До семејството на починатиот претседател и до косовскиот народ писмо со сочувство испрати и албанскиот премиер Сали Бериша.

Одборот за погребување, кој го формираше Владата на Косово и претседателството на Собранието на Косово прогласи петдневна национална жалост. Ругова треба да биде погребан в среда.