1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На консултации кај Миловановиќ

Интензивни политички консултации за решение на спорот со името - политичките лидери на разговори кај американската амбасадорка во Македонија, Џилијан Миловановиќ

default

Скопје

Американската амбасада во Скопје го тестира поединечното партиско расположение за конечната формула околу името. Американската амбасадорка, Џилијан Миловановиќ, ги почна консултациите со македонскиот премиер, Никола Груевски. Таа вчера разговараше со лидерите на ДПА и на ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети, а денеска разговараше со лидерот на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Шеќеринска по средбата изјави: „Со Миловановиќ се согласивме дека Македонија не смее да прифати компромиси со Грција со што ќе го загрози националниот идентите и треба да го затштити уставното име.“

Според Шеќеринска можно е Македонија да биде двоен победник – да не се откаже од уставното име и од својот идентитет, но и да преговара „разумно, паметно и активно, со вистински преговарачи и тим за да добие покана во Букурешт“.

Македонската експертска и политичка јавност се подели околу трите предлози за името што ги даде медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Академик Петре Илиевски од МАНУ оценува дека „Горна Република Македонија“ е добар предлог зашто ја означува територијата на која се испреплетуваат историските епохи. За академик Блаже Ристоски тоа е застарена историска проценка. Лингвистите се против референцата „Република Македонија Скопје“, зашто би била испишана на латински и со тоа ја губи автентичноста на зборот Македонија, а ќе доминира зборот Скопје. Професор Љубомир Фрчкоски, пак, смета дека е тоа добар и стар предлог за компромис.

Не е исклучено на амбасадорот во спорот со името, Никола Димитров на следната рудна преговори во Њујорк да му се придружи и експертски тим. Во Букурешт, на самитот на НАТО ќе патуваат и премиерот и претседателот на Македонија, веројатно како последни гаранти на грчко-македонска спогодба што би се постигнала под патронство на САД, пред самата одлука за прием на Македонија во НАТО.