1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Конго му е неопходна итна помош од меѓународната заедница

Конвој со хуманитарни пратки за бегалците во граѓанската војна денеска ќе тргне под заштита на сините шлемови на ОН во најзагрозеното подрачје на Источен Конго.

default

Повеќе од 1,6 милиони лица избегаа од домовите по избувнувањето на борбите во Источен Конго

Во Северен Киву, најзагрозеното подрачје на Источен Конго, неколку десетици илјади протерани лица со денови се без храна, вода и лекови. Координаторката на хуманитарната помош на ОН, Глорија Фернандез апелираше до бунтовниците и армиските сили да не го попречуваат конвојот, што ќе тргне денеска, туку да му овозможат на населението да дојде до неопходните производи.

Европејците бараат засилување на мисијата на ОН во Конго

Bernard Kouchner und David Miliband führen Gespräche über Lösung der Kongo-Krise

Дејвид Милибанд за време на посетата на еден бегалски камп недалеку од главното жариште на конфликтот, градот Гома

Со оглед на бегалската драма на истокот на Конго, Франција и Велика Британија се залагаат за засилување на мисијата на ОН во регионот. Ако меѓународната заедница не преземе нешто и тоа под итно, тогаш кризата значително ќе се влоши, порачаа францускиот и британскиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер и Дејвид Милибанд на крајот од тридневната турнеја во регионот. Тие имаа средби со претседателите на Конго, на соседна Руанда и на Танзанија, при што разговараа за можните политички решенија на конфликтот. Како резултат на нивните дипломатски напори, како и на еврокомесарот за развојна помош Луј Мишел, врвните политичари на Конго и на Руанда изразија готовност да учествуваат на меѓународна конференција за надминување на кризата. Таа треба да се одржи уште неделава во Најроби. Кушнер и Милибанд денеска ќе ги информираат останатите ресорни колеги од ЕУ за резултатите од турнејата на министерската средба во Марсеј.

Борбите запреа, но бегалците страдаат

Demokratische Republik Kongo UN Panzer in Goma

Само 800 сини шлемови се најдоа во зоната на конфликтот: возило на ОН минува по улиците во градот Гома

На теренот во покраината Северен Киву, на истокот на Конго, се уште важи примирјето што го прогласија бунтовниците. Тие во претходната голема офанзива го опколија најголемиот град во регионот, Гома, што предизвика голем бегалски бран. Експертите на ЕУ проценуваат дека во бегство се наоѓаат вкупно 1,6 милиони лица. Странските хуманитарци известуваат дека не само бутновниците, туку и војниците на армијата пљачкосуваат и силуваат, така што во целиот регион владее хаос. Од таму и апелите за засилување на мисијата на ОН, која токму во кризниот регион има само 800 од инаку вкупно 17.000 сини шлемови во Конго.

Корените на кризата се во соседна Руанда

Karte Kongo/Goma

Регионот Северен Киву на истокот на Конго обилува со плодна почва и големи рудни богатства

Најновата ескалација на насилството е фактички продолжение на граѓанската војна во соседна Руанда, каде во масакрите меѓу припадниците на племињата Хуту и Тутси во 1995та година животот го загубија 800.000 лица. По војната неколку илјади милиоционери на Хуту племето побегнаа во Конго. Водачот на сегашните бунтовници, генералот Лорен Нкунда, е припадник на ривалското племе на Тутсите и тврди дека се бори против владата на Конго затоа што таа не ги испорачува Хуту милиционерите. Странските експерти во земјата меѓутоа тврдат дека всушност станува збор за големите природни богатства на покраината Северен Киву каде што се водат борбите. „Овие вооружени банди во реалноста немаат никакви политички цели. Тоа се криминалци кои ги пљачкосуваат богатствата на земјата и на цивилно население во овој регион“ - тврди портпаролот на мисијата на ОН во Конго, Кемал Саики.

DW.COM

Поврзана содржина