1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Кипар се сливаат бегалци од Либан

Според проценките на ОН,во моментов од Јужен Либан од несигурните области има околу 500 илјади бегалци. Притоа не многу оддалечениот остров Кипар се повеќе станува собиралиште за бегалците

default

Кипар во јули во нормални услови е опседнат од туристите,но оваа година е поинаку.Од четвртокот средоземноморскиот остров е место за спас на илјадници бегалци.Секој ден пристигнуваат по околу 4 илјади со бродови во пристаништата Ларнака и Лимасол.Кипарските власти очекуваат бројка од 60 илјади. Бегалците кои стигнале до Кипар,оттаму преку аеродромите Ларнака и Пафос летаат со авиони до нивните татковини.

Најмногу од нив биле на одмор во Либан и во посета на роднините во моментот кога започна војната.Зад себе имаат ноќи исполнети со страв.Некои презеле авантуристички патувања во либанскиот главен град Бејрут.Миријам Бакар од Јулиш во близината на келн,заедно со мажот и трите деца патувала од 60 километри оддалечениот Триполи во Бејрут за да биде регистрирана за евакуирање.Но,германската амбасада најпрво ја вратила назад.Низ солзи се сеќава:

-Ние би биле сигурни во Триполи,ни рекоа.Ние повторно презедовме ризик и се вративме,за да не дочекаат бомби и непроспиена ноќ.

Конечно,семејството добило место на еден од бродовите во правец на Кипар.

Во кипарските пристаништа веќе се стационирани спасувачки тимови од одделни нации,како Франција,Холандија,Германија.

Хишам Золх од Женева со своето семејство на пат од Баалбек кон Бејрут за влакно ја избегнал смртта:

-Во Бејрут стигнав во 10,30 часот утрото.А половина час подоцна беше бомбардиран автопатот по кој стигнавме.

Во собирниот логор бегалците чекаат на слободни места на многуте бродови кои пловат меѓу Бејрут и Ларнака.Се што може да плови е ангажирано за спасување.

Оној кој стигнал на Кипар и се поврзал со амбасадата од својата земја,го примаат во еден вид чекална,каде добива пијалок,пелени и играчки за децата,медицинска помош и пред се,пријателски зборови.На многуумина дури тука им е јасно што се преживеале,како на Натали Вајс од Диселдорф:

-Во средата вечерта сеуште бев излезена со својата пријателка ,до четири часот утрото,не дознавме дека аеродромот бил бомбардиран додека ние седевме во барот.А следниот ден се беше завршено,веќе беше војна.

Колкумина патници има на некој брод сега е тешко да се каже,на почеток постоеја листи на патници.Но,колку постресно стануваше заминувањето од Бејрут,се ппмалку се внимава на формата.Наредената евакуација се повеќе станува бегалско движење.Автобусите во Кипар се преполни,хотелите беа и претходно поради сезоната ,а сега слодбодно место се смета рамно на злато.

Најприоритетна цел е бегалците што е можно поскоро да бидат испратени дома.Кипарскиот министер за надворешни работи Георг Лиликас пред неколку дена се обрати до ЕУ за помош,со барање да ги отвори границите за евакуација на Европејците и на луѓето од другите нации од Либан.

А пред се на Кипар му треба помош од европските земји:повеќе авиони,побрз транспорт на бегалците.Ним не може да им биде понуден подолг престој на островот,вели Лиликас.

А солидарноста на Кипар за дојденците е голема.Островот ги згрижуваше бегалците и за време на претходната војна во Либан.