1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

На Италија и’ недостигаат реформи?!

За Италија би било се’ поскапо да позајмува пари. Една рејтинг-агенција го промени трендот - во надолна линија. А, надолу оди и економијата. За Италијанците нема време за летен одмор.

Италија го преживува новото кризно лето. Осум милиони Италијанци сакаат да се откажат од традиционалниот одмор во јули или август поради економската криза, информираше италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Истражувањето покажало дека ова лето само 58 проценти од Италијанците ќе патуваат некаде. Лани тој проценти изнесуваше 66.

Strand Rimini Italien Archiv 2003

Италијанците се откажуваат од одморот поради кризата

Мотото гласи - да се остане дома и да се штеди, бидејќи меѓу осум и 20 проценти се зголемени цените на хотелите, пакет-аранжманите и бензинот од почетокот на кризата во 2009 година до денес.

Расположението го тишти и актуелната економска прогноза на ОЕЦД, според кое невработеноста во многу европски кризни земји во следната година ќе се зголеми. Ви Италија таа би требала да изнесува 12,5 проценти. Невработеноста меѓу младите е повеќе од двојно повисока.

Минатата недела ММФ ги корегираше прогнозите за Италија за оваа година. Економијата според ММФ треба да има пад од 1,8 проценти, наместо досегашните прогнози од 1,5 проценти. Сепак, ММФ за следната година прогнозира раст на италијанската економија од 0,7 проценти.

Кризата е се’ уште тука

Помалку оптимистична е рејтинг-агенцијата „Стандард и Пурс“, која минатата недела и го намали кредитниот рејтинг на земјата. Рендитите, кои министерот за финансии Фабрицио Сакомани мора да ги плати за 10-годишните тековни државни обврзници, се зголемуваат. Во моментов тие се 4,5 проценти, што значи дека се за речиси еден процент повисоки отколку во мај. Благодарение на ветувањето на Европската централна банка дека во нужда ќе купува обврзници, трошоците за новите државни долгови се значително пониски отколку што беа пред една година.

Norbert Pudzich

Норберт Пуџич

Но, кризата не е надмината, предупредува Норберт Пуџич од германско-италијанската стопанска комора.

„Кризата ќе биде присутна се’ додека не се решат суштинските промени. Една работа е кризата сметана во бројки, а друга работа е перцепцијата и оценката на кризата“, вели за Дојче веле Пуџич, повикувајќи на реформи во земјата.

Италијанскиот премиер Енрико Лета (на насловната фотографија) за италијанските медиуми призна дека неговата земја, која е трета најголема економија во еврозоната, се наоѓа под „специјално набљудување“. По два месеци големата коалиција во италијанската влада, составена од левицата на премиерот Лета, десничарите на Силвио Берлускони и економскиот професор Марио Монти, полека пристигна во реалноста. Норберт Пуџич од Стопанската комора во Милано смета дека притисокот има своја добра страна.

„Тоа ќе има позитивен ефект и на крајот ќе доведе до реформски процес, кој за жал го нема потребното темпо. На долг рок ситуацијата тука че се подобри“, оценува Пуџич.

Премногу бирократија и превисоки даноци

Fabrizio Saccomanni

Фабрицио Сакомани, италијански министер за финансии

Новиот министер за финансии Фабрицио Сакомани лобираше даноците да не се зголемат, но во исто време да се дадат повеќе пари за стимулирање на економијата. Како точно сака тоа да го направи, веројатно ќе објасни по летната пауза. До тогаш владата го одложи и усвоеното зголемување на ДДВ и спорниот данок за местото на живеење. На последната средба на министрите за финансии од ЕУ пред летната пауза Сакомани најави дека се разгледува можноста спорниот данок да биде воведен во 2014 година.

Проблемите во Италија не потекнуваат од актуелната економска криза. Земјата со години се соочува со проблемот на сопствената бирократија. „Ние тука имаме на регионално и локално ниво јавна администрација која не секогаш функционира добро“, забележува Пуџич. Тој укажува дека даноците за компаниите се премногу големи. Според него, даночниот систем на Италија е многу комплициран и малку транспарентен.