1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На исток, нови европски партнери

Европската унија во Прага воспостави т.н. „Источно партнерство“ со Белорусија, Украина, Грузија и уште три поранешни советски републики. Големите земји членки на ЕУ беа претставени на самитот единствено од Германија.

default

Францускиот претседател Никола Саркози ја форсираше т.н. Средоземноморска унија со јужните соседи на ЕУ. Многу политичари во ЕУ сметаа дека и со источните соседи треба да се воспостават потесни односи. Меѓутоа токму Саркози недостасуваше на самитот во Прага исто како и шефовите на држави или на влади на Велика Британија, Италија и Шпанија.

Од петте најголеми држави-членки на ЕУ само Германија беше претставена на ова ниво. „Сметам дека онака како што соработуваме со Средоземноморската унија, истотака е неопходно да ја развиваме и соработката во правец на исток. Во секој случај Германија е дојдена тука со задоволство и од убедување“, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Партнерството кон исток, можност за потесна соработка

ЕУ има намера економски и политички да ги стабилизира шесте поранешни советски републики и како перспектива им нуди конкретни трговски и визни олеснувања. За себе ЕУ очекува подобро снабдување со енергија, за да не биде толку зависна од испораките на енергенси од Русија.

EU Gipfeltreffen zur Östlichen Partnerschaft in Prag

Самитот во Прага

Еврокомесарката за надворешна политика Бенита Фереро Валднер нема илузии околу тешкотиите, но е убедена во проектот: „Ова партнерство со исток е така да се каже зајакната можност, потесно да се соработува со шесте земји од истокот. Нормално тоа не е едноставно, нормално тоа е една општествена промена, за која е потребно време но верувам дека е важно да се почне со тоа“, истакна Валднер.

Критики од Русија

Москва пак со сомнежи го набљудува основањето на „Источното партнерство“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го опиша како обид на ЕУ да си создаде сфера на влијание на истокот- забелешка, што ЕУ ја отфрла.

Колку политички е спорно партнерството со исток и за самата ЕУ покажува и односот кон авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко. Чешкото претседателство го покани на самитот но истовремено со т.н. џентлменски договор се погрижи за тоа тој да не дојде во Прага. Никој во ЕУ не сака да биде сликан како срдечно се ракува со Лукашенко.

Она што „Источното партнерство“ нагласено не треба да биде е предскалило за подоцнежен прием во ЕУ. Но токму на такво нешто се надеваат шефовите на држави и влади од шесте поранешни советски републики. Претседателот на Украина Виктор Јушченко, не само што ја гледа својата земја како кандидат за членство туку препорачува подоцнежен прием во Унијата и на Белорусија: „Белорусија треба да стане дел од ЕУ. Улогата на Белорусија е многу значајна, верувајте ми. Се надевам дека процесот на интеграција може да се форсира.“


Автор: Кристоф Хазелбах / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска