1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Ирска веќе не ѝ треба „чадорот за спас“

Ирците го добија седмиот по ред буџет направен во знакот на штедење. Но, се чини дека напорите се исплатеа, програмата за помош на Ирска треба да заврши на крајот на годината.

Ирскиот министер за финансии Мајкл Нунан во својот говор при најново донесување на буџетот го цитираше поетот Вилијам Батлер Јејтс: „Предолго жртвување може срцето да го претвори во камен“. Ирските граѓани-даночни обврзници и корисници на социјална помош би можеле и самите да испеат песна. Државата од 2008. година мораше да го санира целосно својот буџет. И за 2014. година се предвидени кратења на државните давачки и зголемувања на придонесите, седми пат по ред. Кусокот сега изнесува 4,8 проценти од вкупниот брутодомашен производ. Но, првпат ќе има и мал остаток, пред да се земат во предвид каматите на државниот долг.

Feilim Mac An Iomaire Jobless Paddy

Многумина не гледаат друга можност освен да се отселат

Огромни размери на штедењето

Во целиот период т.н. корекции се сумираа на над 30 милијарди евра, што одговара речиси на две третини од издатоците пред кризата. Напорите се досега невидени. Ирците плаќаат нови социјални давачки и данок на своите куќи, зголемен е данокот на остварени примања, а државните службеници плаќаат и дополнителен придонес за пензија. Причината за кризата беше огромниот балон во градежниот и секторот на недвижности. Кога тој прсна, со себе ги повлече и домашните банки. Стапката на невработеност од претходните 4, многу брзо скокна на 15 проценти, денес би била уште повисока ако десетици илјади луѓе не побегнеа и не се отселеа.

Колапсот на банките ги чинеше даночните обврзници околу 64 милијарди евра. Растечкиот товар предизвика Ирска во декември 2010. година да побара место под „чадорот за спас на еврото“. Тројката: ЕУ, ММФ и Европската централна банка три години ја задоволуваа гладта за кредити на ирската држава. За возврат таа опстоја на драстичната политика на штедење.

Крајот е на повидок?

Благодарение на извозниот сектор, претежно доминиран од мултинационалните концерни, ирската економија успеа повторно да допре цврсто тло. Но, приватната потрошувачка се‘ уште не го достигна дното. Во меѓувреме над 12 проценти од приватните хипотекарни должници се во задоцнување повеќе од три месеци. Од овие семејства и од ордата невработени не може за скоро да се очекува поголем удел. Сепак, во моментов се‘ укажува кон тоа дека Ирска на 15. декември ќе може да се откаже од помошта на Тројката. Во државните каси во меѓувреме лежат околу 25 милијарди евра. Овие „пари за црни времиња“ ги покриваат потребите за кредити на ирската држава за идната година, зависноста од непредвидливите финансиски пазари моментно е мала.

Flash-Galerie Irland Protest EU Rettungsschirm Steuererhöhung

Многу министри кои бараа спас под „чадорот“ се критикувани како предавници

Потрага по виновниците

Но, светот нема да се промени по 16. декември. И во 2015. година се заканува потреба од рестриктивен буџет. Ирските граѓани ги истрпеа сите откажувања со вчудовидувачка стрпливост. Нивниот гнев е насочен кон лесномислените банки кои ги предизвикаа сите проблеми. Но, ниеден банкар досега не заврши во затворска келија. И тогашните политичари од Фиана Феил партијата сега се помалку популарни. Министерот Бринден Хаулин, надлежен за кратења на давачките, сега ним им ја припишува главната одговорност за кризата. Никој не е идеолошки определен да штеди:

„Политиката на штедење е она што ни преостанува откако Фиана Фејл не‘ доведе до дното, така што како и во поранешните времиња на глад, мораме да бараме спас во странство“. Споредбата е премногу драстична, обвинувањето премногу поедноставено, но на ирската младина и ирските семејства не им е до смеа.