1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На изборите во Либија - предност за либералната алијанса

Либијците гласаа за избор на демократски парламент првпат по крајот на ерата на властодржецот Моамер Гадафи. Во предност е групацијата на екс-преодниот премиер Махмуд Џибрил.

При пребројувањето на гласовите од изборите за првиот демократски парламент по ерата на Гадафи, одржани завчера (07.07), во Либија се наѕира предност за Либералната алијанса на Махмуд Џибрил. Групацијата на поранешниот преоден премиер освоила најголем број гласови во главниот град Триполи и во Бенгази, јавуваат набљудувачите по анкетите. Исламското Муслиманско братство, според нив, е на второ место. Официјалните резултати ќе бидат познати во наредните денови. Новоизбраниот општ Национален конгрес во Триполи го заменува Преодниот совет. Избраните 200 пратеници треба да именуваат преодна влада и да подготват избор на Совет, кој треба да го изработи уставот на земјата.

Во соседните Египет и Тунис, по повеќедецениското авторитарно владеење, на изборите победија исламистичките партии.