1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На изборите во Грција ќе се решава и за судбината на реформите

На шести мај Грците ќе гласаат кому да му доверат да ги извади од најголемата криза во земјата во поновата историја. Претстојните предвремени парламентарни избори се најважните во Грција во последните децении.

Точно шест месеци по стапувањето на должност, грчкиот премиер Лукас Пападимос објави оставка на преодната влада и најави предвремени парламентарни избори на 6 мај. Клучно прашање е дали Грција ќе продолжи со реформите започнати во меѓувреме, кои за населението значат остри мерки за штедење, но на земјата и‘ овозможија да добие европска помош за да избегне банкрот?

Голема коалиција - реална опција?

Досегашните испитувања на јавното мислење покажуваат дека конзервативната Нова демократија, како ни социјалдемократскиот ПАСОК, нема да освојат

Griechenland Evangelos Antonaros

Евангелос Антонарос смета дека идната влада што би ја предводела неговата партија, треба да добие „силен мандат“ од избирачите

апсолутно мнозинство во парламентот. Предизборната кампања започна уште пред официјално да бидат најавени изборите. Партиите си ја префрлуваат меѓусебно вината за драматичната економска криза. Но конзервативните и социјалдемократите водат сметка сепак да не исклучат ни опција на идна голема коалиција. Евангелос Анатонарос, актуелен пратеник на Нова демократија, смета дека идната влада што би ја предводела неговата партија, треба да добие „силен мандат“ од избирачите, оти само така би била во состојба да го спроведе она, на што се обврза пред европските партнери. Владата треба да донесе конкретни мерки за борба против тешките проблеми како невработеноста и рецесијата. Неговата партија ќе поднесела предлози и ќе преговарала со кредиторите.

Евангелос Венизeлос, новиот претседател на ПАСОК, истакна дека на земјата и’ е потребна „силна влада, која ќе ја спроведе програмата за подршка на грчкото стопанство и ќе ја прошири во национална стратегија за обнова на земјата“.

Ќе гласаат ли Грците во афект - или со разум?

Може да се очекува малите партии, кои се против острите мерки за штедење, да привлечат многумина од избирачите, но според новите анкети нема да успеат да спречат некоја од двете големи партии да ја предводи идната коалициона влада. Дора Бакојани, претседател на грчките либерали, не верува дека противниците на реформите и мерките за штедење можат да обезбедат мнозинство во парламентот, но предупредува дека „во земја во таква криза постои опасност екстремистичките сили да имаат прилив и избирачите почесто да донесат решение во афект, отколку со разум“. Бакојани верува дека Грците, и покрај неволјите и безнадежноста, „на крајот сепак сериозно ќе одмерат“ дали сакаат да се откажат од сигурноста што ЕУ и’ ја нуди на Грција.

Созреа времето за реформи

Griechenland Innenminister Tassos Giannitsis

Тасос Јаницис: Грција и по изборите ќе опстои на европскиот курс на реформи

Грција и по изборите ќе опстои на европскиот курс на реформи, верува и Тасос Јаницис, министер за внатрешни работи во преодната влада. Во 2000 година тој мораше да поднесе оставка на функцијата министер за труд и социјала по жестоките протести на синдикатите и на неговите социјалдемократски сопартијци против реформскиот пакет што го предложи. Со него беше предвидено да се покачи старосната граница за пензионирање и да се либерализира пазарот на работна сила. Во меѓувреме и политичката класа сфати дека такви реформи се неопходни, вели Јаницис: „Само така може да се создаде доверба и перспектива за земјата“. Тој посакува во странство, а посебно во Германија, да се вреднуваат досегашните напори и жртви на Грците, што нив дополнително би ги охрабрило.