1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На зборовите треба да уследат дела – новиот Совет прво треба да се докаже

Комисијата на ОН за човекови права не беше оспорувана заради премногу бавната работа, туку затоа што во неа беа застапени и држави, кои не беа пример за почитување на тие права

„Дипломатски Рамбо“: Џон Болтон

„Дипломатски Рамбо“: Џон Болтон

Тоа беа едни од ретките ѕвездени моменти на Генералното собрание. Вистински победник – претседателот на собранието, Швеѓанецот Јан Елиасон, кој се реши на малку повеќе демократија. Консензус кај темата човекови права не можеше да се постигне на пленумот од 191-на земја членка. Во отпорот предничеа САД. Џон Болтон, амбасадор на земјата што го одржува логорот во Гвантанамо, татнеше НЕ пред секој микрофон, секоја камера. Но, „есапот“ на дипломатскиот Рамбо „не пројде на пазарот“. Јан Елиасон одби натамошни преговори со Болтон и порадо поразговара со шефот: на Кондолиза Рајс јасно и’ ги предочи штетите – и за имиџот на нејзината земја, што би ги донело одбивањето да соработува во Женева и таму да се залага за јакнење на човековите права.

До овде убаво. Но, со согласноста на Судан, Куба, Кина, Сирија или Зимбабве не се подобрија со еден потег човековите права таму. Сега, по големите зборови треба да следи помачната работа. ОН и Елиасон навистина покажаа дека реформи се можни и при нарушена атмосфера - 170 земји, меѓу нив и сојузници на САД, ги прекинаа традициите и веќе не се застрашија од заканите со гласање, оти би можел да биде загубен вообичаениот консензус. Тој и без тоа најчесто беше лажлив и носеше уште послаби компромиси.

Но, сега светската заедница треба да покаже колку биле чесни 170-те гласови за. Да започнеме од Дарфур, Гвантанамо, кинеските затвори, сириските визби за сослушување... Човековите права се душа и срце на ОН, реќе среќниот Јан Елиасон. Тие се еден од трите столбови на ОН, покрај развојот и мирот. Но, за да му се дозволи на тоа срце да бие и за да се потпре вистински начнатиот столб, сега мора да уследат ѕвездени часови и во Женева. Новиот Совет за човекови права мора да ја следи Повелбата на ОН и да биде активен. Тоа конкретно значи дека 170-те, или подобро 191-на земја на ОН мораат да го слушаат тој Совет.