1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Западниот Брег повторно се гради

Не осврнувајќи се на меѓународниот притисок, Израел дозволи истекување на рокот за забрана на градење населби на Западниот Брег. Палестинците, претходно, се заканија дека во таков случај ќе ги прекинат преговорите.

default

Доселениците во Кирјат Нетафим, во северниот дел на Западниот Брег, го славеа завршувањето на забраната за градење. Таму повторно се во погон булдожери и мешалки за бетон и поставен е темел на нова градинка. Гершон Месика, пратеник од Самариа, на американскиот претседател Обама, кој се залагаше за продолжување на рокот за забрана за градба, му се обрати со неговото второ, арапско име: „Од оваа бина“, рече Месика, „му се обраќам на Хусеин Обама и велам - земјата Израел му припаѓа на народот на Израел“. Министерот за сообраќај Јизраел Кац, во свечениот говор по повод завршувањето на забраната за градење, меѓу другото, рече:

„Од полноќ, граѓаните кои имаат дозволи за градба, можат повторно да ги градат своите куќи.

Nahost Israel Palästinenser Siedler Baustopp beendet

Повторно се во погон булдожери и мешалки за бетон

Сакам да му се заблагодарам на премиерот Нетанјаху, претседател на Ликуд, кој се држи до своите обврски и до принципот на мировни преговори.“

Нетанјаху го повика Абас да ги продолжи „добрите и искрени разговори“

Израелскиот премиер Нетанјаху вчера (26.09.2010) повеќепати телефонираше со американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, египетскиот претседател Хосни Мубарак и јорданскиот крал Абдула. Премиерот се надева дека Палестинците и натаму ќе учествуваат во мировните преговори. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас најави дека ќе ги прекине преговорите, доколку Израел не ја продолжи забраната за градење. Нетанјаху го повика Абас да ги продолжи „добрите и искрени разговори“ за да биде постигнат историски мировен договор. Израел, како што вели премиерот, е подготвен заедно со САД и Палестинците, во наредните денови да пронајде пат за продолжување на преговорите. Нетанјаху нагласува дека неговите намери за постигнување мировен договор се „сериозни и искрени“.

Според информации на израелската телевизија, Израел, Палестинците и американските преговарачи имаат намера да продолжат со барањето компромис во текот на наредната недела. Разговорите околу ваквиот компромис, според информации на израелскиот весник „Хаарец“, и покрај истекот на рокот за забрана на градење, веќе почнале во текот на изминатата ноќ.

Автор: Себастијан Енгелбрехт / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска