1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Западниот Балкан му требаат јасни пораки од ЕУ!

Хрватска е пред членството во ЕУ. Ова е позитивен сигнал за регионот, сметаат германските политичари кои денес во Берлин расправаа за оваа тема. Но, се слушна и ставот: ЕУ треба да испраќа јасни пораки до регионот.

Од 2001. година, кога Хрватска го започна процесот за интеграција во ЕУ, земјата направи многу. Изодениот пат и стекнатото искуство Хрватска е подготвена да го сподели со земјите од регинот. Ова денеска (15. јуни) во Берлин го најави и Весна Пусиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Хрватска. Таа беше главен гостин на конференцијата посветена на Хрватска и нејзиниот придонес во интеграцијата на земјите од Западниот Балкан, организирана од Фондацијата Фридрих Науман.
Поради случувањата во Унијата, финансиските проблеми и се’ уште нерасчистената судбина на еврото, не е тајна дека Европската унија е воздржана кон наредните проширувања со државите од регионот. Проценка на многумина е дека по Хрватска - ќе следува пауза !

Интерес за интеграциите?!

Што ќе значи ова за Македонија? Земјата се’ прави правилно:
ги исполни критериумите кои се бараа, Европската комисија со години вели дека преговорите може да стартуваат, но не се случува ништо, зашто една од 27-те членки целата работа ја блокира поради спорот за името.„ Дали со тоа не се закопува кредибилитетот на ЕУ и нема ли можност 26-те членки да ја притиснат 27-та?“ , праша и модераторот на конференцијата проф. Др. Екарт Д. Стратеншулте, обидувајќи се диксусијата да ја насочи и кон Македонија, која на конференцијата остана на периферијата.
Државниот секретар во германското МНР Корнелија Пипер, рече дека е „оптимист за Македонија“. Не беше конкретна, но таа „верува дека Германија како членка на ЕУ има потенцијал да притисне со што оние кои се песимисти би останале во дијалог“.
Марилуизе Бек (Сојуз 90 Зелени) која во дебатата учествуваше како член на Парламентарното собрание на Европскиот совет подвлече дека иако Европската унија е во прва линија политички, а во втора технички проект, мора јасно да се знае дека таа има интерес од проширувањето со земјите од Западниот Балкан. Според Бек, имајќи го во фокусот регинот, мора да се почитува единственото европско законодавство за сите потенцијални кандидати, кое е различно голем предизвик за државите од поранешна Југославија.

Konferenz: Kroatien vor der EU-Mitgliedschaft

Дискусијата во Берлин само еден сигнал за Југоисточна Европа


„Тешкотите со кои се соочува регионот, од Европската унија бараат јаснотија во пораките, зашто на Западниот Балкан и онака има повеќе нејасни работи“, истакна Бек. Како такви таа ги подвлече: Србија и статусот на Косово, блокирањето на Македонија од страна на Грција и поделеноста и огромната државна структура на Босна и Херцеговина. Марилуизе Бек оцени дека за интеграцијата е важен внатрешниот развој на кој секоја од државите мора самата да работи, но тоа е поврзано и со ЕУ и сигналите кои оттаму се испраќаат. Таа не кажа, на пример: до кога ЕУ ќе ја толерира Грција, но потсети дека ЕУ не е во состојба да спроведе единствена политика кон признавањето на Косово. Кога ова би го имало, би имало и јасна порака до Србија.

Хрватска нуди помош!

Со оглед што министерката Весна Пусиќ во дискусијата говореше само за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ДВ ја праша: дали и каква поддршка Хрватска би и‘ понудила и на Македонија?
„Говорев за првите соседи. Но, сосема јасно на самитот на НАТО и на конференциите на министрите за надворешни работи истакнав дека Македонија во голема мерка е клуч на стабилноста во Југоисточна Европа. На ниво на хрвстската влада е донесена одлука да им понудиме евроатланско партнерство, билатерална и меѓудржавна спогодба за соработка на сите земји од регионот кои за тоа имаат интерес.Не мора да станува збор за големи политички теми. Соработката може да започне и за многу практични работи како што е на пример: управувањето со сметот. Ова е важна тема во поглавјето за заштитата на животната средина и корисна работа која практично веднаш би ја почувствувале обичните граѓани. Соработка би имало секако и за најкомплицираните теми каква што е реформата на судството. Во цел тој спектар и пред да влеземе во Европската унија сме подготвени да соработуваме со Македонија, зашто сметаме дека за целиот регион е решавачко што побрзо да напредува на реформскиот пат кон ЕУ, без кој нема стабилност, што конечно сите добро го разбираат“, изјави за ДВ министерката Весна Пусиќ.