1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

На ЕП во пливање: хет-трик на Камрау на долгите патеки

Во Мадрид уште и 3 медали за германските претставници на покусите патеки

Трикратната шампионка Камрау

Трикратната шампионка Камрау

Германската пливачка Брита Камрау со златниот медал во Мадрид на патеката од 25 километри го круниса едниствениот хет-трик, како победничка во сите три дисциплини на долги патеки на едно европско првенство. “Речиси сонував дека на ова ЕП ќе успеам да освојам медал на сите три патеки. Досега тоа не и успеа на ниедна жена. Но, трипати злато - тоа се разбира е над сите очекувања”, вели Камрау, која освои златни медали и на 5 и 10 километри.

На последниот ден од првенството Сандра Фелкер освои бронзен медал на 50 метри слободно, што беше веќе 63-ти медал за неа од европските и светските првенства, како и од олимпијадите.

За германските претставници во пливачките дисциплини на покусите патеки медали освои и Стив Телоке – златен на 50 и бронзен на 100 метри грбно.