1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Египет му се заканува нов политички хаос

По распуштањето на парламентот од страна на правосудните органи во Египет расте стравот од политички хаос. Уставниот суд го распушти парламентот поради нерегуларности и предизвика негодувања.

На плоштадот Тахрир во Каиро голем број луѓе демонстрираа против одлуката на Уставниот суд, според која првите парламентарни избори по падот на властодржецот Мубарак се прогласени за неважечки, бидејќи дел од местата не биле распределени според пропишаната постапка. Повеќе од една третина од мандатите не биле изгласани според прописите, смета Уставниот суд во Каиро. Целиот состав на парламентот со тоа бил илегален. Оттука би морале да се оддржат нови избори, изјави судијата Махер Сами Јусеф за агенцијата АП.

Ägyptisches Parlament Protest

Протест во парламентот во кој мнозинство има Муслиманското братство

Муслиманското братство, кое доминира во парламентот, зборува за „државен удар“ од страна на владејачкиот воен совет. Судот исто така дозволи последниот премиер во ерата на Мубарак, Ахмед Шафик, да биде кандидат за претседателските избори. Со оваа одлука престојниот викенд тој ќе може да излезе на изборите заедно со кандидатот на муслиманското братство Мохамед Морси.

Државната секретарка на САД Хилари Клинтон го повика воениот совет да се придржува до ветувањата и целосно да ја предаде власта на цивилна влада.