1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Европа и треба раст - но како?

Во ЕУ сите се согласуваат со тоа дека на Европа и треба раст и тоа што е можно побрзо. Но, дали некој знае како да се стори тоа? На самитот на Унијата што се одржува денеска во Брисел поднесени се три предлози за тоа како најдобро да се поттикне стопанството на стариот континент. Тие се напишани со италијанско односно со германско-француско перо, а најновиот е таканаречената иницијатива за европски раст подготвен од Европската комисија.

На претседателот на Европската комисија Романо Проди нема да му биде едноставно да ја образложи иницијативата за раст во Европа на самитот на Европската унија. Критичарите сметаат дека концептот е премногу неодмерен и пред се, премногу скап.

Иницијативата на Проди се концентрира претежно на проекти во трансевропската сообраќајна мрежа - автопатишта и железнички поврзувања. За таа цел во наредните 17 години се предвидени 220 милијарди евра како инвестиции во јавниот сектор. Во тој поглед концептот е сличен на предлогот на италијанската влада, а во основа се разликува од германско-францускиот предлог, кој што е фокусиран на истражувањето. Она што и обезбедува подршка на иницијативата на Проди е тоа што предлогот на Комисијата практично не носи ништо ново. Дел од она што се предвидува одобрено е ушт во 1994 година. Но, реализацијата досега оди тешко, критикува Проди:
"Во оваа сфера се уште нема доволно случувања - поврзувања во патниот сообраќак се уште недостасуваат, а во многу случаи поврзувањето на железниците во мрежа се уште не ни почнато."

Министрите за финансии на 12-те земји, кои го воведоа еврото како заедничка валута, се едногласни во оценката дека предлозите на Комисијата треба да се обединат со иницијативите на италијанската, германската и на француската влада. Министрите молчат само по едно прашање: предлогот на Комисијата за зголемување на финансиските дотации на ЕУ за трансевропските сообраќајни поврзувања од 10 на 30 проценти.

А, токму тоа е појдовната точка. Дотациите би требало да се зголемат петкратно само во текот на наредните десет години. Комисијата се надева дека на таков начин значително ќе се зголеми атрактивноста за приватните инвеститори. Со тоа што покачувањето на дотациите неспорно ќе падне на товар на земјите членки. Германија е прва, која како најголем нето-плаќач во Унијата, го одбива ваквиот товар. За германските дипломати, тоа значи дека буџетот на Германија би се оптоварил со дополнителни четири милијарди евра.

Меѓутоа, Проди и покрај критиките, цврсто се држи до неговата иницијатива:
"Поставувањето приоритети не е лесна задача. Но, ние мораме да ги оставиме зад нас националните интереси и да договориме листа на европски приоритети. Мислам дека во последниве години изгубивме премногу време спорејќи околу некои наши мали проекти. Тоа е и причината зошто заостануваме."

Романи Проди е сосема свесен за фактот дека зголемените дотации можат да предизвикаат и пораст на долговите, што пак би можело да доведе до повреда на критериумите на европскиот пак за стабилност. Затоа тој укажува на можноста предложените инвестиции делумно да бидат финансирани од Европската инвестициона банка.