1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На Европа и се закануваат нови напади?

Терористичката мрежа на Ал Каеда според сознанија на тајните служби планира напади врз авиони и возови во Европа. Вчера британската тајна служба МИ 5 исто така предупреди од планирани терористички напади.

Шефот на МИ 5,Елиза Менингем Булер

Шефот на МИ 5,Елиза Менингем Булер

Терористичката мрежа на Ал Каеда според сознанија на тајните служби планира напади врз авиони и возови во Европа.

служби планира напади врз авиони и возови во Европа.

Ова го известува американската телевизија Си Би ЕС,повикувајќи се на информации добиени при сослушувањето на осомничени терористи од Авганистан и од Пакистан.Вчера британската тајна служба МИ 5 исто така предупреди од планирани терористички напади.

Сликата која ја претстави МИ 5 за терористичката закана е мрачна.30 планови за евентуални напади,1600 осомничени кои се следат,200 терористички келии.Тоа според наводите од шефот на британската тајна служба Елиза Менингам Булер е размер кој го имаат согледано британските разузнувачи.Таа ситуацијата ја окарактеризира како сериозна.Навистина,реткост е шефот на МИ 5 да се појави во јавност со изјави.Поранешната претседатлка на Одборот за тајни служби,Паулина Невила Џонс тоа вака го прокоментира:

"Доаѓа време пред се во демократијата,кога луѓето мора да знаат каква е ситуацијата.Менингам Булер ни даде информации за да ја сватиме ситуацијата."

Пред неколку дена едне Британец беше осуден на најмалку 40 години затвор поради подготвување масивни терористички напади.Џирен Барот меѓу другото планирал напади врз Берзата во Њујорк,врз Централната банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.Освен тоа тој во Британија сакал да активира т.н. валкана бомба со радиоактивен материјал.Планирал да ја стави во воз и да експлодира токму кога тој ќе вози под реката Темза.На 7 јули минатата година атентатори самоубијци во Лондон активираа четири бомби во подземната железница и во еден автобус.Загинаа 52 лица.Извршители на нападите:млади муслимани.

При последните осомничени,кои во моментов ги следи МИ 5,се работи исто така за млади со муслиманско потекло,некои на 16 години.Велика Британија сеуште не најде концепт против радикализацијата.Претседателот на Советот на муслиманите,Инајат Бунглавала:

"Уште одамна баравме отворена истрага за атентатите од 7 јули,за да се разбере како можело да дојде до нив,да се извршуваат бомбашки напади во сопствената земја."

Исламската комисија за човекови права кон тоа додаде,дека навистина постои терористичка закана,но од повеќе од илјада уапсени осомничени од 11 септември 2001 година,се испостави дека се виновни само 27.Човек не смее да ја испушти од предвид целосната слика.

Изјавите на директорката на МИ 5 Менингам Булер во Велика Британија предизвикаа внимание,таа зборуваше за хемиски бомби,за опасност од бактериолошки супстанци и дури и за нуклеарна технологија.Признатиот експерт за безбедност Криспин Блек останува со скепса:

"Имам проблеми со јазикот кој таа го употреби.Таа зборуваше дека терористите употребуваат нуклеарна технологија,но тоа мора да биде подобро образложено и докажано.Се работи ли за атомски бомби,кои можат наскоро да бидат детонирани?Каде ќе бидат активирани,кој ќе го направи тоа?Дали изјавите се базирани на извештаи од тајните служби?И дали се работи навистина за атомски или за бомби кои распрскуваат атомски материјал.Без поточни наводи,сево ова звучи неповрзано."

Полицијата и тајните служби велат дека по 7 јули откриле пет поголеми терористички завери и дека опасноста сеуште е присутна.