1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На договор за разговорите за името

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, во пресрет на претстојната рунда разговори со амбасадорот на ОН Метју Нимиц, свика координација на државниот врв за текот на разговорите за надминување на спорот со Грција.

default

Ѓорге Иванов, Никола Груевски и Трајко Вељановски (архива)

На денешниот (08.01) координативен состанок присуствуваат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, вице-премиерот Муса Џафери и министерот за надворешни работи Никола Попоски, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.

На почетокот на годинава специјалниот посредник на Обединетите Нации во решавањето на спорот со името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, ги покани на средба на 16 и на 17 јануари претставниците на двете страни во разговорите, амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Двете страни ја прифатија поканата на Нимиц.

Амбасадорот Нимиц, како што беше соопштено, првично ќе се сретне поединечно со секој од претставниците и ќе се обиде да изнајде заеднички прифатлив пристап да им се даде нов импулс на разговорите и да се направи значаен прогрес кон решавање на спорот со името.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: С. Недевски

Поврзана содржина