1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На Грција не и’ се брза!

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов на вториот ден од посетата на Чешка најавува конструктивен став на земјата на денешните преговори за името во Њујорк.

default

Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов

„Ние секој пат реално пристапуваме кон сите вакви средби и затоа тоа што го истакнав вчера го потенцирам и денеска, дека ние секогаш сме конструктивни, се подготвуваме пред секоја ваква средба, нашиот претставник ги има ставовите на нашиот државен врв и секој пат одиме со агенда која укажува кој е ставот на нашата држава и како ние гледаме на целиот овој проблем што трае веќе две децении. Ние сме за решение и тоа сега и денес, не сме како другата која може да живее со овој проблем со децении или со векови, затоа што тие немаат никакви последици. Ние ги имаме последиците од нивниот проблем со нашето име и затоа очекуваме секоја средба и инцијатива од г-динот Нимиц да оди кон решавање на овој проблем кој ни создава многу проблеми во нашите евроинтеграции“, појасни претседателот Иванов.

Што се однесува до внатрешно-политичките тензии околу А1 телевизијата, Иванов изјави:

„Во принцип никогаш не коментирам судски одлуки. Секогаш поаѓам од она што е наведено во Уставот и законите и очекувам сите субјекти во Македонија да го почитуваат Уставотот и законите и во своите активности, намери, секогаш да постапуваат согласно со она што е наш правен поредок. Така што очекувам и во овој случај секој на основа на своите ингеренции што ги има, на основа на своите обврски, да си ги преземе постапките и да сноси одговорност за сето тоа што ќе го преземе. Тоа е нивна одлука!“

Автор: Теодора Давчевска

Редактор: Горан Чутаноски