1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Грција не и’ е доволен ни вториот пакет помош

Шефот на Еврогрупата, луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер, не исклучува можност за носење трет пакет за спас на Грција. Јункер изјави дека претходно ќе мора да се спроведе вториот пакет мерки.

default

Жан-Клод Јункер

Претходно, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека гласањето во германскиот парламент в понеделник (27.02.) веројатно нема да биде и последно гласање на пратениците околу финансика помош за Грција. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо застана во одбрана на начинот на кој се постапува и спасот на евро-државите во криза. Во Хамбург Барозо изјави дека секој друг начин е прескап и преопасен.

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави напредокот во борбата против должничката криза во Европа, но подвлече дека останува уште многу работа. По средбата со данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит во Вашингтон, Обама рече: „Единствени сме во ставот дека е постигнат напредок што се однесува до договорите меѓу ЕУ, ММФ и Грција. Новите влади во Италија, Шпанија, Португалија, направија важен напредок, но останува уште многу работа“.

Автор: ЕМФ/дв/ртр/афп

Редактор: Аександар Методијев

Поврзана содржина