1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Грција и’ е потребен нов имиџ

Во тешката економска криза во Грција настанува вистинско движење според мотото - купувај грчки производи!. Истакнувањето на сопствените предности би можело да биде важен темелник за економско заздравување на земјата.

Како да дојдеме до нови муштерии? За шефицата Ники Куцијани од козметичката компанија „Апивита“ тоа е прашање на опстанок во тешката економска криза. Компанијата од неодамна при маркентингот на своите помади и шампони го користи нивното потекло.

Куцијани се надева дека нејзините сонародници свесно ќе купуваат грчки производи, затоа што така се обезбедуваат работни места во земјата.
На овој принцип работат се’ повеќе фирми во земјата, но во тоа има и замки.

„Луѓето порано сакаа повеќе да купуваат француски или германски продукти, се‘ што беше модерно, иако беше скапо, јас мислам дека со тоа сигурно сме продонесле за кризата во извесна мерка. Ние самите произведувавме премалку“, вели Куцијани.

Купувај грчко!

За време на кризата Грците ги чуваат парите. Само оној кој ќе и‘ ги преземе муштериите на конкуренцијата, ќе преживее.

Сопственичката на фабрика за чевли Мина Фидас се обидува да му конкурира на увозот од странство. Таа може да произведе 8.000 пара чевли дневно, но во моментов се прави само мал дел од тоа . Мина Фидас управува со последната голема фабрика за чевли во Грција, само тоа ретко кој го знае.



„Луѓето мислат дека нашиот бренд доаѓа од странство, поради тоа снимивме рекламен спот, со мали трошоци поради кризата. И морам да кажам дека реакцијата по прикажувањето на телевизискиот спот беше огромна. Луѓето сакаат да купуваат грчки производи.“, истакнува Фидас.

Работите можат да одат напред

На „Апивита“ во својата бранша веќе и‘ успеа од врвните позиции во Грција да ги потисне светските концерни како „Проктер и Гембел“. Но за производите да се барани и во странство, претприемачите знаат дека земјата погодена од криза мора да работи на своето подобро претставување.
„Ние мора да создадеме нов имиџ за нашата земја. Тоа ќе биде тешка работа., но ние можеме да поентираме со убавината на земјата, со луѓето, кои добро си ја знаат работата“, вели шефицата на „Апивита“, Куцијани.

Козметичката компанија веќе извезува во Велика Британија и во Јапонија. Жените како Ники Куцијани и Мина Фидас се пример за тоа како работите можат да одат напред. Но, во земјата се’ уште има премалку такви компании.