1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Германците тешко им се извлекуваат пари од џебот

Европските соседи и’ префрлуваат на Германија дека е премногу еднострано ориентирана на извоз и недозволиво ја запоставува домашната потрошувачка. Трошат ли навистина Германците премалку, или се по природа штедливи?

default

Тешко е да се наведат Германците да го отворат паричникот. Тие побргу ќе се откажат од разновидната понуда на стоки или од некоја услуга, ако можат да заштедат некое евро, извести деновиве дописникот на британскиот весник „Економист“ и спореди: дисконтери како „Лидл“ и „Алди“ никаде немаат удел на пазарот од 45 проценти, како во Германија; во Велика Британија нивниот удел е одвај 7 проценти.

Во Германија, во време на стопански подем, прво повлекува побарувачката од странство, па следуваат

Deutschland Köln Einkaufen Schildergasse

Во Германија луѓето штедат пари за подобро да се подготват за товарот на демографско прилагодување

инцвестициите и дури на крајот внатрешната побарувачка. Но, таа изостана кај последниот подем.

„Силен удар за приватните потрошувачи секако беа многу покачените цени на суровини, на нафтата. Мора да се земе предвид и покачувањето на данокот на додадена вредност во 2007 година. Но, во еден дел сигурно влијаеше и штедливото однесување на Германците“, вели професор Михаел Гремлинг од Институтот на германското стопанство во Келн.

Во просек, Германците тргаат на страна речиси 13 проценти од расположливите приходи. Повеќе штедат само некои земји во Источна Азија, но во нив нема систем на старосно осигурување.

„Се поставува прашањето - дали е превисока нашата квота на штедење или е прениска кај другите земји? Во Германија луѓето штедат пари за подобро да се подготват за товарот на демографското прилагодување, со кој ќе се соочат за кратко време. Другите земји можеби и не ги осознале тие знаци на времето. Дел на кризата, секако е во врска и со тоа, дека можеби другите земји живеат над своите услови и премалку штедат“, анализира Гремлинг.

Внатрешната потрошувачка никако да се зголеми

За ублажување на последиците од кризата владата донесе два конјуктурни пакета, но тие не донесоа ефект кај приватната потрошувачка, освен вонредната конјуктура во автомобилската индустрија со премијата за расходување стари автомобили. Сега се бара буџетска консолидација, владата донесе мерки за штедење - и повторно се слаби

Symbolbild Einkaufen in Deutschland

Одамна нема луѓе кои шетаат со по десетина преполни торби

шансите за пораст на приватната внатрешна потрошувачка.

„Допрва ќе се види дали буџетската консолидација ќе се врши преку повисоки даноци. Ако биде така, тогаш тоа сигурно ќе оди на товар на приватната потрошувачка. Но, државата може да штеди и кај своите трошоци и тогаш не мора безусловно да бидат засегнати приватните потрошувачи. За приватната потрошувачка на прво место е релевантно опоравувањето на пазарот на работна сила, а тука сме на сосем добар пат“, смета Гремлинг.

Треба ли синдикатите да се откажат од скромните барања и да водат поекспанзивна политика на пораст на платите?

„Платите се фактор кај трошоците на претпријатијата и се стравува дека со нивниот прекумерен пораст рака под рака оди и губење работни места, од што на крајот трпи и приватната потрошувачка. Заповед на моментот и сега, во кризата, се договори за платите ориентирани кон вработеност“, смета професор Михаел Гремлинг.

Значи, дописникот на „Економист“ е во право: проклето тешко е да им се извлечат на Германците пари од џебот. А тоа особено важи за германските работодавачи.

Автор: Ролф Венкел / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска