1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На Германците им е потребна анти-стрес програма

Константното оптоварување при работа година за година претставува се’ поголемо оптоварување за вработените. Стресот кој го чувствуваат е зголемен, но не и оптоварувањата, се вели во новата студија.

Притисокот на работното место не попушта. Речиси секој петти се чувствува преоптоварен, додека 43 проценти од вработените во Германија се жалат поради растечки стрес. Ова произлегува од најновата студија за стрес во Германија, објавена вчера во Берлин.

Во студијата за стрес во Германија во 2012 година на Агенцијата за заштита при работа и трудова медицина беа опфаени 18.0000 вработени од цела Германија, кои беа анкетирани за психичките побарувања, товарот и стресните последици во нивното работно секојдневие. Барањата и позитивните аспекти во работното секојдневие меѓутоа од периодот 2005/2006 на „високо ниво“ речиси се непроменети.

Студијата доаѓа до заклучок дека притисиокот за учинок и поради термини во Гермнија е почест од просекот во останатите 27 земји на ЕУ. Секој втор испитаник (52 проценти) се жали поради тоа. Речиси секој втор (44 проценти) при работењето го прекинуваат со телефонски разговори и и-мејл. Речиси 60 проценти се чувстуваат оповарени поради т.н. мултитаскинг, односно извршување на повеќе работи истовремено. За 35 проценти од испитаниците работната недела е подолга од 40 часови, за 13 проценти дури подолга од 48 часови.

26 проценти од испитаниците се жалат дека неможат да прават паузи. Вкупно 64 проценти работат и во саботите, 38 проценти работат и во неделите и на празници. Особено стрес предизвикуваат постојано новите преструктуирања на фирмите: Тие го зголемуваат притисокот за учинок, погодените вработени се понервозни и пораздразливи. Според студијата особено оптоварени се претпоставените лица. Ова истовремено е отежнувачка околност за добро раководење, вели претседателката на агенцијата Изабел Роте.

Според текстот на студијата љубезните колеги и добрата работна клима помагаат да се надминат големите оптоварувања. Позитивно на работната клима се одразува и тимската работа која добро функционира. 80 проценти од испитаниците наведоа дека добивале помош и поддршка од колегите. Поддршката од претпоставените позитивно ја оцениле 59 проценти од испитаниците.

Заеднички против стресот

Министерката за труд Урсула фон дер Лајен ги повика работодавците и синдикатите заеднички за се борат против стресот на работното место. „Постои потреба да се преземат мерки во нашите претпријатија“, подвлече Фон дер Лајен на Конференцијата за психо-стрес во работата.

„Во 2011 година регистриравме вкупно 59 милиони работни денови поради психички заболувања. Тоа е покачување од повеќе од 80 проценти во последните 15 години“. Од ова произлегуваат и загуби во производството од шест милијарди евра. „Тоа чини многу пари“.

Членот на управниот одбор на Сојузот на германските синдикати Анели Бунтенбах подвлече дека студијата покажува „дека работата е стрес фактор број еден и дека психичките оптоварувања при работењето итно мора да бидат намалени“.