1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

На Германија и недостасуваат добри фудбалери!?

На Германија не и недостасува само стручна сила во стопанството. Наскоро би можел да се појави и недостаток на талентирани фудбалери со германски пасош в џебот.

Менаџерот на Германскиот фудбалски сојуз Оливер Бирхоф во интервју за келнскиот весник Експрес предупредува дека на германскиот фудбал „не му цветаат рози“. Бирхоф забележува дека во финалето на Лигата на шампионите во фудбал во екипата на Бајерн имало шест странски фудбалери.

„На Европското првенство за фудбалери до 21 година ги гледавме нашите млади и не можеме да бидеме опуштени. Мораме да поставиме приоритети и да преземеме мерки за да останеме конкурентни“, вели Бирхоф.

Еден поглед на составот на германската репрезентација јасно укажува дека тимот се соочува со недостаток на „вистински“ напаѓач, а постојано има проблем и со надворешната одбранбена позиција. Во моментов нема на повидок

Oliver Bierhoff, Team-Manager der deutschen Fußball-Nationalmannschaft

Оливер Бирхоф

алтернатива за Мирослав Клозе (35 години), Марио Гомез (28) и Штефан Кислинг (29). Германија поседува голем број квалитетни фудбалери од средниот ред, но се соочува со дефицит на другите позиции во тимот.

„Ги имаме Марио Геце, Месут Езил, Томас Милер, Тони Крос, Бастијан Швајнштајгер. Но немаме играчи кои би играле на позицијата напаѓач или надворешен одбранбен“, вели Бирхоф.

Спасот е во „странците“?!

Во не така далечното минато за националната репрезентација можеа да играат само ткн. „вистински“ Германци, родени и израснати во земјата. Доселениците не беа пожелни. Се дигна голема врева кога на почетокот на 90. години германско државјанство добија јужноафриканецот Шон Данди и бразилецот Паоло Ринк. Но тие никогаш не беа прифатени во јавноста, и не добија многу шанси да заиграат за репрезентацијата.

Вистинска сензација се случи во 2001. кога во репрезентацијата беше повика Џералд Асамоа, црномурестиот напаѓач со потекло од Гана. Тој беше првиот црн

Torsten Frings und Gerald Asamoah

Џералд Асамоа

играч во националниот дрес. На почетокот на кариерата мораше да се соочи со многу навреди и расистички испади. „Публиката ме навредуваше, фрлаа банани по мене, ме плукаа, а ме навредуваа и некои играчи“, вели Асамоа.

Иако расистичките и шовинистичките напади ни денес не се целосно искоренети, во меѓувреме играчите со странско потекло во националниот дрес станаа нормална појава. Воглавно се работи за деца на мигранти родени во Германија. Од 1998. година досега 20 такви фудбалери го облекоа репрезентативниот дрес, од „Швајцарецот“ Оливер Нојвил, па се до Месут Езил и Семи Кедира, кои имаат турско, односно туниско потекло.