1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На викендот официјален почеток на веќе забревтаната изборна кампања

ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за избор на пратеници. За време на викендот СДСМ, ДПА и ДУИ ќе ги промивираат своите кандидати за пратеници. Официјалниот старт на изборната кампања е в недела

default

Тргнува изборниот караван

Државната изборна комисија на Македонија го утврди редоследот на кандидатските листи за избор на пратеници. Така во 1-та изборна единица , опозициската коалиција Сонце предводена од Радмила Шеќеринска со реден број два на ливчето ќе се соочи со владеачката коалиција, предводена од премиерот Никола Груевски, кој ќе биде 12-ти на листата.

Партиите од албанскиот блок, ДПА и ДУИќе се соочат во шестата изборна единица, нивните лидери Мендух Тачи и Али Ахмети се наоѓаат на шеста односно 12-та позиција. В недела се официјализира почетокот на веќе забревтаната изборна кампања.

За време на викендот, СДСМ, ДУИ и ДПА ќе ги промовираат своите кандидати за пратеници. Промоцијата низ градските центри ВМРО ДПМНЕ веќе ја започна, а од в недела стартува и официјалниот дел од изборната кампања. Опозицискиот СДСМ ќе биде во Штип, ДПА во Гостивар, ДУИ во Скопје,а караванот на најбројната коалиција околу Груевски ќе започне од западниот дел на државата.