1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Блискиот Исток да се создадат одржливи услови за политички прогрес

Кондолиза Рајс уште не решила кога ќе ја оствари најавената посета на Блискиот Исток

Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс

Од Стејт департментот вчера беше потврдено дека американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс ќе патува на Блискиот Исток, но се’ уште не е извесно кога. Вчера, пред средбата со египетскиот колега по функција Ахмед Абул Геит во Вашингтон, Рајс изјави: „Повеќе од радо ќе одам во регионот кога тоа ќе биде погодно, неопходно и ќе претставува помош“.

Во однос на ситуацијата и за целите во регионот Рајс рече: „Сите ние сакаме крај на насилството. Сите ние сакаме заштита на цивилите. Ние мора да обезбедиме дека што и да направиме, ќе биде од трајна полза. Блискиот Исток проаѓа низ премногу фази од насилство, и ние мора да постапуваме според поставените услови, за таму да создадеме одржливи услови за политички прогрес“.