1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На Безбедносната конференција во Минхен приближување меѓу САД и Европа!?

Германскиот министер за одбран Петер Штрук денеска ја исклучи можноста на разговарите со американскиот колега Доналд Рамсфелд да стане збор за ангажман на германскиот Бундесвер во Ирак. Рамсфелд ја познава добро германската позиција дека нема никаква смисла за воен ангажман во Ирак се' додека таму не се разјаснети политичките односи, изјави Штрук спроти неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО пред Конференцијата за безбедност во Минхен.

"Ирак е прашање кое зависи од политичкиот развој, на пример од улогата на ОН. Јас не ставам знак на врзување меѓу Ирак и Бундесверот, тоа е за мене сега премногу брзо" - рече Штрук, одговарајќи на најавите дека Германија можеби ќе го смени негативниот став околу испраќањето војници во Ирак.

За сега владата во Берлин останува на понудата за учество со еден авион-болница, но и тоа поврзано со јасниот предуслов: во Багдад прво да седи влада составена од Ирачани. Во меѓувреме расте притисокот врз германската влада, бидејќи од неа може да зависи и вкупниот ангажман на НАТО во Ирак, на што пак се' повеќе инсистираат Американците. Од Берлин и од Париз, какои главни противници на војната во Ирак, дојдоа сигнали дека нема да го блокираат соодветното решение на Советот на НАТО, доколку другите членки се за оваа опција. На оваа тема ќе разговараат денеска на пладне и Министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата на неформалната средба во Минхен. На неа за прв пат учествува и новиот генерален секретар, Јап де Хоп Шефер, кој е отворен за директнте ангажман на Алијаната во Ирак.

Надминувањето на турбуленциите меѓу НАТО партнерите околу ирачката војна очигледно ќе се најде во центарот на вниманието и на 40. Безбедносна конференција во Минхен - оцени денеска организаторот на Конференцијата, Хорст Телчик, за утринскиот магазин на Втората програма на Германската ТВ.

"Обете страни сигнализираат, значи и Американците и Европејците, дека сакаат приближување и дека сега станува збор за тоа да разговараат кои се заканите, кои се заедничките задачи и какви решенија мора да се најдат за нив. Ќе станува збор и за поделбата на задачите како и координацијата во нивното извршување."

Што се однесува конкретно до односите меѓу Берлин и Вашингтон, Телчик нагласи дека не станува збор за "нова љубов", туку за настојување на обете страни да најдат разумен пристап за проблемите. Сепак, приближување меѓу Германија и САД за време на Конференцијата во Минхен очекува и експертот за надворешно политички прашања на пратеничката група на опозиционата ЦДУ/ЦСУ, Фридберт Пфлигер. Обете страни сакаат да ја надминат студената атмосфера, бидејќи им е јасно оти меѓусебната соработка е животно важна. Но, до враќањето на старата доверба ќе мине уште време - оцени Пфлигер.