1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На американски начин!

По повеќе од две години од банкротот на американската банка „Лимен брадерс“ во САД веќе претежнува оптимизам во однос на иднината, иако и натаму има проблеми кои можат да ги потресат пазарите на акции и стопанството.

default

„Многу оптимистички гледам на работите и мислам дека 2011 може да биде пресвртна и прилично добра година. Таа нема да биде величествена, но се движиме во вистинска насока“, вели Алан Валдес, ветеран со повеќе од 30-годишно искуство од Вол стрит. Според него, продолжувањето на даночните олеснувања им помага на претпријатијата.

Finanzmarkt USA Wall Street

„Вол стрит мрази несигурност. Сега знаеме за најмалку две наредни години какви ќе бидат даноците и тоа му помага на малиот бизнис. Потрошувачката расте, бројките од трговијата на мало во последните неколку месеци се добри“.

Се враќа оптимизмот на берзата, се чини дека од Вол стрит исчезнува сеништето од минатото лето, за можна втора рецесија. На брокерите грижи им приредуваат долговите на европските држави, кои го притискаат еврото, предизвикуваат пораст на вредноста на доларот и повлекување на странските инвеститори. „Ова повеќе има врска со Шпанија и Португалија, кои се големи економии. Луѓето зборуваат за Ирска, но таа е мала економија, иако е факт дека состојбата со долгот на таа земја е многу лоша: ако секој човек, жена, дете отплатува по 250 долари месечно, ќе трае две илјади години додека таа да се ослободи од долгот“, укажува Алан Валдес, кој очекува катастрофа ако поголемите економии, како Шпанија и Португалија, банкротираат.

Долговите вториот најголем проблем за САД

Но, што е со сопствените, американски долгови? Тие речиси се игнорираат, изјави на телевизија Мередит Витни, финансиски аналитичар. „Најалармантна е многу распространетата рамнодушност во однос на нив. По пазарот на недвижности,

USA Finanzkrise New York Börse Wall Street

долговите се вториот најголем проблем за САД и најголема закана за нивната економија“.

Само од почетокот на кризата американските сојузни држави потрошија петстотини милијарди долари повеќе од остварените приходи. Калифорнија има дефицит од повеќе од 19 милијарди долари. Илиноис издава признаници, наместо да ги плаќа трошоците за болниците и универзитетите. Во Њу Џерси дефицитот изнесува 10 милијарди. „Ова не можеме вечно да го избегнуваме - тука е и сите го знаеме тоа. Сојузната влада нема пари за нас, федералните единки. Дојде денот да се плати цехот, времето за тоа варира од држава до држава, но доаѓа“, категоричен е Крис Кристи, гувернер на Њу Џерси.

USA Finanzkrise New York Börse Wall Street

Вкупниот долг на американските сојузни држави е поголем од билион, односни илјада милијарди долари. Никој не се надева на спасувачки пакет од Вашингтон, оти сојузната влада се бори со буџетскиот дефицит на федерално ниво од повеќе од 1,3 билиони и со гигантски севкупен државен долг од 14 билиони. Процутот на пазарите на акции во минатата година претежно се должи на парите од спасувачкиот фонд од Вашингтон. Но, сега буџетските каси се празни. За да продолжи подемот и годинава, време е американските претпријатија повторно да инвестираат.

Автор: Миријам Браун/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска