1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Алијансата и треба повеќе политичка волја

НАТО земјите се задоволни со договорите постигнати на самитот во Чикаго. Но, за реализација на концептот на „smart defense“ ќе треба далеку повеќе политичка волја, коментира Кристина Бергман.

default

Еден за сите, сите за еден - со оглед на недостатокот во буџетите, земјите членки на НАТО одамна сфатија дека мораат повеќе да се надополнуваат кога се во прашање одбранбените способности, бидејќи ниту една земја самостојно не може да си дозволи комплетна одбрана. Концептот го носи името „smart defense“. Во Чикаго тој беше дополнително проширен, но сепак неопходната политичка поддршка се’ уште недостасува.

Во Чикаго, меѓу другото, беше договорено дека Алијансата долгорочно ќе ја преземе контролата врз воздушниот простор на балтичките земји, а тие за возврат ќе можат во целост да се концентрираат на мисијата во Авганистан. Исто така, трошоците за системите за копнено набљудување - AGS ќе ги делат 13 земји. Меѓу нив е и Германија, која по САД, издвојува најмногу средства за овој систем. Сепак, овој договор најпрво ќе треба да го одобри Бундестагот. Токму тука е и најголемиот проблем кога е во прашање системот на „smart defense“. Имено, согласноста на парламентите.

Доколку претпоставиме дека Германија, како што е планирано, го преземе развојот на морнаричките воздушни патроли, но подоцна не учествува во идните НАТО воени операции, дали ќе треба да бара согласност од домашниот парламент? Долготрајниот процес е во контрадикција со основните принципи на

Christina Bergmann DW Washington

Кристина Бергман

системот „smart defense“.

Германија, но и останатите земји, ќе треба брзо да пронајдат начин како да го надминат овој проблем. Една од можностите е Бундестагот да гласа за развој на воените капацитети, а во исто време да одлучи и за основно распоредување, независно од тоа дали такво распоредување е побарано или не. Тоа ќе значи и откажување од дел од националниот суверенитет.

Но, со оглед на опаднатата финансиска моќ, тоа ќе биде неопходно доколку НАТО сака да биде здрава Алијанса за каква што се претставува. Повеќето НАТО членки не го достигнуваат ниту минималното ниво на два проценти од националниот буџет кои треба да се инвестираат во одбраната. Само САД, Велика Британија, и замислете, Грција го достигнаа тоа ниво во 2011. Американците веќе подолго време изразуваат незадоволство поради тоа и не сакаат повеќе да го носат целиот финансиски товар во Алијансата. Останатите земји ги насочуваат своите буџетски ставки кон социјални и економски програми.

Јасно е притоа дека конзистентната реализација на концептот на „smart defense“ ќе наиде на препреки во одредени земји. Последниот конфликт со Франција, поради повлекувањето од Авганистан, покажува дека меѓусебната недоверба е оправдана, а концептот на „smart defense“ засега останува само убава идеја.