1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Најхраброто девојче на светот“ пред ОН

Еден Талибанeц и пукаше во глава на Пакистанката Малала, бидејќи во еден блог таа известуваше за тешкиот живот под влијание на радикалните сили. Таа преживеа и денес се бори за правата на децата.

Пакистанската активистка за детските права Малала Јусафзаи нема да замолчи пред заканите за терор. „Тие мислеа дека куршумите ќе не’ замолчат, но не успеаја“, рече Малала во петокот (12.07) на нејзиниот 16-ти роденден пред Младинското собрание на ОН во Њујорк. Тоа беше нејзиниот прв јавен настап, откако еден борец на исламистичките Талибанци во октомври минатата година во Сват Тал, на северозападот на Пакистан на патот кон училиште и стрелаше во глава.

„Терористите мислеа дека можат да ги сменат моите цели и моите амбиции. Напротив, ништо не се смени во мојот живот освен ова: умреа слабоста, стравот и безнадежноста. Се родија јачина, храброст и страста“, рече Малала, која и покрај нејзините тешки повреди и натаму се залага за правото на децата на орбазование. И во Њујорк таа побара училишно образование за секое дете на светот.

Малала стана позната со еден блог за британската станица БиБиСи, во кој го опиша својот живот под Tалибанците, кои претежно контролираа во Сват Тал, пред повторно да бидат прогонети од армијата. По нападот таа беше однесена на медицински третман во Валика Британија, каде оттогаш живее со своето семејство. При операцијата во февруари годинава и беше вградена титаниумска плочка на черепот како и иплантант за повторно воспоставување на слухот. Поранешниот британски премиер Гордон Браун, кој како специјален пратеник на ОН за образование ја претстави Малала во Њујорк, ја исткна младата Пакистанка како „најхраброто девојче на светот“.