1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Најуспешни македонски менаџерки

Жените во Македонија добиваат се‘ позначајно место во бизнис заедницата, присутни се на раководни функции во повеќе успешни компании. Десет од нив влегоа во најтесен круг на традиционалниот годишен избор на најуспешните.

default

Пробив во некогаш „машкиот домен“

Валентина Саздова е успешна жена која повеќе од деценија и половина добро се снаоѓа во бизнис водите. Во моментов работи на позицијата менаџер за флотна продажба во Порше Македонија, дилерот на автомобили на групацијата Фолксваген. Таа е една од десетте жени во Македонија кои синоќа (30.03.2010) го добија признанието најуспешни жени менаџери за 2009 година. Валентина е пресреќна што после толку години успешна работа добива вакво признание.

Повеќе нема само машки бизнис

Во топ десетте жени менаџери во Македонија годинава влегуваат припаднички на понежниот пол кои работат во фармацевтскиот, осигурителниот бизнис, модата, осигурувањето, телекомуникациите. Леа Бенедејчич, главен директор за маркетинг во телекомуникациската компанија ONE, на прашањето која е тајната да се биде успешна жена менаџер вели:

„ Мислам дека тајната е во тоа што секоја жена треба да верува во себе и во своите способности, а истовремено да има голем почит кон луѓето со кои работи“.

Mazedonien LogoZehn erfolgreichste Business-Frauen

Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер во агенцијата за обезбедувње имоти и лица „Лупус“ вели дека задоволството е уште поголемо ако се знае дека признанието го добива жена која работи во сектор карактеристичен пред се‘ за машкиот пол.

Со сличен став е и Виолета поп Василева од Евроинс „Осигурување“.

Инаку, изборот на најуспешни жени менаџери во Македонија годинава по 14-ти пат го организираше агенцијата „Марили“.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска