1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најстариот Македонец почина на 108 години

Генералниот конзулат на Македонија во Торонто, Канада, информираше дека починал најстариот Македонец во светот.

default

Торонто

Во местото Сатон Вест во Канада почина Методија (Тед) Петков, најстариот Македонец во светот, кој на 31 јануари годинава го прослави 108. роденден.
Петков, како што информираат од Генералниот конзулат на Македонија во Торонто, на јубилејната прослава по повод државниот празник 8-ми Септември, на покана од генералниот конзул на Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, го подигнал македонското знаме во паркот пред Парламентот на Онтарио во Торонто.
Роден е во село Цапари, битолско, а во Торонто се доселил во 1930 година. Како пасиониран колекционер на спортски автомобили речиси до последните денови од животот го возел својот најнов „форд мустанг“ и секојдневно активно играл голф со пријателите.
Дедо Методија, живеејќи ја единаесеттата деценија од својот живот, пленеше со својата харизматичност и виталност и беше мошне популарен во македонската заедница во Канада, велат од Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто.