1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Најстарата скијачка планинарска куќичка во Германија

Во близина на баварското гратче Розенхајм се наоѓа најстарата скијачка куќичка во Германија, изградена пред сто години. Хохрисхите до денес на скијачите и алпинистите им нуди оброк и починка.

Со жичарница до Хохрис, врв во баварските Алпи, висок над 1500 метри. Над него се наоѓа магла. Околината нуди впечатлива кулиса за есенскиот планински саем, кој се одржува секоја година.

На врвот на планината од пред сто години се наоѓа Хохрисхите, таа е најстарата планинарска скијачка куќичка во Германија.

„Луѓето, имено се искачувале на планината и повторно се спуштале. Но, по најмалку три часови искачување, човек ожеднувал и огладнувал, па се јавувала желба тука да постои некое починувалиште“, вели Франц Кнар од Алпското друштво, секција Розенхајм

Во октомври 1913 година бил поставуван покривот. Градбата одела мачно, зашто материјалот требало да се искачува на брегот. И скијачите се искачувале за да се спуштат, удобните жичарници датираат од подоцна.

„По Втората светска војна на планината доаѓаа многу луѓе, меѓу нив и познати спортисти. Тие патуваа со воз до Фрасдорф и потоа во колона се искачуваа на Хохрис за да се спуштаат со скии.“, вели Кнар.

Ski Skifahrer Alpen Sport Wintersport Flash-Galerie

Жичарницата со кабини од централната станица до планинарската куќичка беше изградена во 1973. година.

Идејата за поврзување со скилифт беше отфрлена, поради заштита на околината и од финансиски причини. Остана жичарницата со кабини, која е во надлежност на општината и алпинистичкото здружение. Франц Кнар објаснува.

„Сега жичарницата ја опслужуваме волонтерски, а морам да кажам, навистина сме среќни. Го исклучивме зимскиот погон и сега таа работи без проблеми од Велигден до средината на ноември.“

Во зима на планината се стигнува пешки, како порано. Најчесто тоа се алпинисти. Искачувањето се исплати, зашто награда е спектакуларната глетка од германската најстара планинска куќичка за скијачите.