1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најсиромашните повторно „извисија„

Преговорите во Светската трговска организација за таканаречената Доха-рунда за либерализација на трговијата пропаднаа. Министерската средба на водечките трговски сили во Женева заврши без резултат, а генералниот секретар на организацијата Паскал Лами Доха-рундата ја прогласи за привремено замрзната:

Најостар во критиките врз САД: евро-комесарот за трговија Питер Менделсон

Најостар во критиките врз САД: евро-комесарот за трговија Питер Менделсон

По неуспехот на преговорите учесниците меѓусебно си го префрлуваа Црниот Петко. Сите покажаа готовност само САД не, изјави евро-комесарот за трговија Питер Менделсон на крајот од преговорите на таканаречаната Група 6 на најразвиените држави во Светската тровска организација: значи покрај Европската Унија и САД, уште Австралија, Јапонија, Бразил и Индија. Менделсон критикуваше што Американците не биле подготвени да попуштат во намалувањето на субвенциите за домашниот земјоделски сектор. Според него, замрзнувањето на преговорите го загрозува и опстанокот на СТО. Американската преговарчка Сузан Шваб пак, изјави дека нејзината земја останува приврзана кон обврските од Доха-рундата. Но, САД бараат од Европската унија намалување на увозните царини за земјоделските производи. Од сето тоа со куси ракави остануваат и натаму земјите во развој за кои аграрните пазари на развиените и натаму се затворени. Развиените за возврат барат земјите во развој да ги отворат пазарите за странските индустриски производи.

Герд Зонлајтнер од германскиот сојуз на земјоделците одговорноста за неуспехот, подеднакво како и Менелсон, ја префрли врз Американците:

„Ние направивме аграрна реформа во 2003 година, што значи големо намалување на цените, и го поврзавме порамнувањете на исплатите со производството. Ветивме дека сосема ќе ги укинеме извозните субвенции до 2013 година. Постигнавме договор со 50-те најсиромашни држави дека можат да извезуваат кај нас и во цела Европа без стапки и царини. Тоа не го направија другите индустрски земји и посебно е за жалење што САД кои играат водечка улога, во основа одбија и не водеа серизони преговори„.

Што значи неуспехот на преговорите за Индија? Професрот Арун Кумар од Универзитетот „Џавахарлал Нехру„ од Њу Делхи:

„За Индија неуспехот на преговорите е позитивен. Индија е земјодлески структурирана држава. 60 проценти од луѓето зависат од земјоделството. Затоа нивниот стандард за Индија е многу важен. Освен тоа, беше многу добро што Индија заедно со другите земји во развој не им попуштија на позициите на индустриските држави за прашањето на аграрните субвенции, имено зошто воопшто тие субвенции би биле ограничени. Ние не можеме едноставно да го отвориме пристапот кон нашите пазари без да добиеме нешто за возврат. Додека тоа не се случи, ние не сме подготвени за такво нешто. Тоа што се браниме е добро за Индија„.