1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најсиромашните меѓу сиромашните

Педесетте најсиромашни држави во светот, поради технолошко заостанување, недостиг на знаења и иновативни сили, како и поради иселувањето на подобро образуваните кадри, и натаму се зад другите 150 држави.

default

Хајнер Флешбек од УНКТАД. Катастрофални податоци за најсиромашните 50

До овој резултат дојде Организацијата за трговија и развој на Обединетите нации УНКТАД, во извештајот објавен деновиве во Женева.

Според дефиницијата на Обединетите нации за „најмалку развиени земји„, просечниот приход пер капита таму изнесува меѓу 750 и 900 долари годишно. Здравствениот и образовниот систем се на многу ниско ниво, уделот на индустриското производство и на услужните дејности во бруто-нациоанлниот производ многу мал, а приходите од извоз многу нестабилни. Во годишниот извештај на УНКТАД за состојбата на развојот во 192 земји-членки на Обединетите нации, овие земји се на последните 50 места. Во последната година меѓу нив, 34 беа африкански и 10 азиски држави, 5 островски држави од Пацификот, како и карипската држава Хаити.

УНКТАД голема одговорност за мизеријата и парализата на овие 50 најсиромашни држави гледа во богатите индустриски држави од северот, како и кај Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска организација. Нивната со години повторувана теза дека овие 50 држави би можеле да си ја подобрат ситуацијата со отворање на нивните пазари, како и со други мерки на либерализација, се покажа погрешна. Дури и во оние земји што ги отворија своите пазари, странските фирми и инвеститори направија добивки и создадоа работни места, но само привремено. Тие не придонесоа за долгорочен развој на земјите и нивната економија. Според УНКТАД, не се исполнија ниту очекувањата директните странски инвестиции да водат кон технолошки и научен трансфер кај домашните фирми со што би ги подобриле произвдоството и прозиводите. Оваа ситуација само уште повеќе се влоши поради грубата практика со која фирмите и владите на индустриските змеји ги штитат своите патенти од потенцијална конкуренција од југот – критикува УНКТАД.

Место да се случи очекуваниот трансфер на знаења, технологија и иновации во овие 50 најсиромашни држави, УНКТАД забележува загрижувачки брејн-дрејн во спротивна насока. Во 2004 година во овие земји само 6,6 милиони луѓе завршиле факултет или слично образование. Од нив, во меѓувреме преку милион или околу 15 проценти, заминале во северните индустриски земји, констатира УНКТАД во годишниот извештај.