1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Најсигурниот плаќач на долгови – Русија!

Без оглед како се коментираат потезите на Москва, „Акцинерското друштво Кремљ„ се покажува во меѓувреме како најсолиден плаќач на своите долгови кон странство. Имено, Русија ги исплати своите долгови кон Парискиот клуб од времето на Советскиот сојуз.

Нафтата и гасот извор на милијради долари

Нафтата и гасот извор на милијради долари

Последната транша им е префрлена на 17 земји-членки, соопшти министерсвото за финансии. Со предвременото исплаќање, Русија заштеди скоро 8 милијради долари што ќе ги инвестира во сопствената инфраструктура:

Бројките зборуваат за себе. Од почетокот на годинава руските девизни резерви изнесуваа 137 милијради долари. На 1 август, значи 7 месеци подоцна, сумата се зголеми на 187 милијарди. Колку ќе бидат на крајот од годинава, може само да се претпоставува, но се е насочено кон цените на нафтата и гасот. Ако растат, ќе растат и добивките на „Газпром„ на пример, со што ќе растат и даноците, односно девизните резерви.

Откако Русија во 90-сеттите години, во времето на Борис Јелцин, зависеше од странски кредити кои завршија којзнае каде, земјата во моментов, благодарение на нафтата и гасот постигнува пораст на стопанството меѓу шест и седум насто годишно. Руската држава буквално плива во пари. Меѓутоа, не се трошат зашто инфлацијата е доста висока, а битката против зголемувањето на цените е една од главните цели на централната банка. 23-те милијарди долари што Русија му ги исплати на Парискиот клуб наликуваат како џепарлак. Зашто во идната година се очекува девизните резерви да пораснат за нови 120 милијарди долари или 10 милијарди месечно!

Се зависи од цената на нафтата, а скоро е исклучено таа драматично да падне во некое согледливо време. Многумина инаку и се лутат на Централната банка што резервите ги држи во долари, а не во евра. Доларот постојано губи на вредност во однос на рублата и прашање на време е кога владата ќе се префрли на еврото. Рублата пак, која е прогласена за конвертибилна, се уште не е етаблирана на светските берзи – барем не засега.